153
20 shares, 153 points

Производителите се под постојан стрес дека во САД може да ги погоди нов дизел-скандал по оној на Volkswagen. Но, заштитниците на животната средина во земјата и натаму замижуваат пред новите камиони кои возат со прастара дизелска техника.

Поради скандалот со издувните гасови од дизел моторите во САД, Volkswagen мораше да плати казни во висина од милијарди долари. Во меѓувреме, дизелот доживува вистинска ренесанса на тамошниот пазар. Најпродаваното возило во последните децении, пикапот Ford F-150, од неодамна е достапно со дизел мотор. Истото важи и за конкурентот Chevrolet.

Дизелот е стандард кај тешките камиони. Но, во нив работи прастара дизелска техника, којашто од аспект на животната средина веќе одамна требало да биде забранета. На тоа се жали истата експертска организација којашто го откри дизел-скандалот на Volkswagen. Според ICCT, штетата што животната средина ја претрпува од овие камиони е многу поголема отколку онаа од дизелите на германскиот концерн.

Доколку не се оштетени при судир, деловите може да се користат понатаму – тоа важи и за цели мотори

Во САД постои регулатива којашто дозволува натамошно користење на деловите што не се оштетени при судир. Трговците со камиони веќе со години ја користат оваа законска дупка и ги избегнуваат строгите норми за издувни гасови. Стари мотори едноставно се вградуваат во нови камионски шасии. Без скапата техника за пречистување на издувните гасови, камионите се поевтини, купувачите се задоволни.

Откако беа воведени строгите закони за издувни гасови во САД во 2010 година, пазарот за таканаречените „глајдер камиони“ буквално цвета. Годишно се продаваат 10.000 вакви зомби камиони, додека некогаш биле одвај илјада примероци. Владата на Обама донесе строги закони за спречување на оваа појава, но Трамп ги отфрли. „Глајдерите“ можат слободно да го продолжат возењето.

Штетата од глајдер камионите е 13 пати поголема отколку од половината милион дизели на Volkswagen

ICCT пресметале дека количината на азотни оксиди од десетте илјади „глајдери“ годишно е за 13 пати повисока отколку од половината милион автомобили на Volkswagen, коишто беа погодени од дизел скандалот. Во следните десет години, Американците ќе бидат изложени на 1,5 милион тони азотни оксиди и 16.000 тони честички од гареж. Тоа ќе го чини здравството 12 милијарди долари.

Државната агенција за заштита на животната средина одбива да ги воведе построгите норми, сметајќи дека на тој начин ги зачувува работните места. Американските медиуми сепак не пропуштаат да ја откријат вистината зад овој случај. „Њујорк Тајмс“ пишува дека целата афера се врти околу кланот Фицџералд од Тенеси, како и околу Скот Пруит, кој пред Трамп да го назначи на шефовското место во агенцијата за заштита на животната средина, беше жесток противник за воведувањето строги еколошки закони. Фамилијата Фицџералд го поседува најголемиот бизнис со „глајдер-камиони“ во САД и му даде силна поддршка на Трамп во изборот за претседател.

Бизнис кланот платил студија што им оди во прилог на работата – изградиле и специјална лабораторија

Фицџералд не само што платиле изработка на специјална студија на Факултетот за технологија Тенеси, со којашто божем се докажало дека штетните гасови од старите дизели не се толку штетни како што се претпоставувало, туку инвестирале и во изградба на нова лабораторија за изведување на истражувањата. Заклучоците од оваа студија потоа биле приложени пред властите во Вашингтон, за тие да се убедат во „безопасноста“ на старите дизели (асоцијации со студијата за аерозагадувањето којашто покажа дека најголем загадувач во Македонија е греењето на домаќинствата?)

Факултетскиот кадар е бесен, во меѓувреме започнува интерна истрага за случајот. На сите им е јасно дека станува збор за груб фалсификат.

Старата техника е поиздржлива и троши помалку гориво

Операторите со овие камиони секако имаат корист, покрај пониската цена на камионите. Постојат даночни олеснувања, се избегнува вградувањето скапи електронски системи за следење, но и потрошувачката на гориво е пониска, и тоа, значително. Во истражувањето на „Њујорк Тајмс“ се посочуваат и бројните поплаки на возачите по форумите, со коишто се потврдува дека актуелната техника за пречистување на издувните гасови е премногу чувствителна.

Големите компании честопати практикуваат комплетно премостување на техниката за пречистување, што ги поштедува од скапи дефекти и комплицирано сервисирање. Тоа е впрочем истата практика којашто е вообичаена и кај дел од транспортните компании, особено во Источна Европа.

MAN тестира камионски плотун по германскиот аутобан

Прв електричен камион од сериско производство е … Fuso

Течен метан на пат да го замени дизелот во камионите

Volvo тестира „самовозечки“ камион за собирање отпад


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730