116
27 shares, 116 points

Мала е веројатноста дека од гаража во соседството ќе ѕирне совршено сочуван камион олтајмер, но затоа е поголемо уживањето кога Mercedes ќе искористи важен настан да ги покаже пред светот своите временски машини на четири и повеќе тркала. Неверојатно е колку труд и знаење има вложено Mercedes во своите камиони олдтајмери што ќе бидат дел од  „Ретро Класикс“.

На саемот за олдтајмери „Ретро Класикс 2018“, којшто се одржува на штутгартското сајмиште од 22-ри до 25-ти март, Mercedes настапува со 12 камиони кои потекнуваат од периодот меѓу 1955 и 1988 година. Старите камиони сé поубедливо го привлекуваат вниманието на сцената на олдтајмерите, едноставно им успева да фасцинираат исто колку најценетите врсници меѓу автомобилите. Некогаш, Mercedes се користи и со трикови. Секој ден на саемот, точно во 11.15 и 13.15 часот, тркачкиот камион ќе ги раздвижува своите 1.500 КС.

LK 315, кипер

Mercedes-Benz LK 315

Тоа што денес е работа на специјалистите од серијата Arocs, некогаш беше задача на LK 315. Саемскиот примерок е произведен во 1955 година. Тоа е првата нова и сопствена конструкција на тогашната марка Daimler-Benz по војната. Камионот стартува како LAK 6600, но по моделското освежување е преименуван во LK 315.

Заслуга за успехот има и сопствениот 8,3-литарски мотор со 45 КС и проектиран експлоатациски век од 200.000 километри. Крајната брзина е 70 km/h.

LAK 329, кипер

Mercedes-Benz LAK 329

Во 1957 година се појавува Mercedes-Benz L/LAK 329, со зголемена носивост. Разликата со L 315 е во понискиот нос. Во 1958 година почнува да се вградува шестцилиндарец од 10,8 литри, со 172 КС. Со овој мотор, вкупната тежина расте на 24 тони, исто како и способноста за искачување.

Со погон на сите тркала (LAK; Л = товарно возило, А = погон на сите тркала, К = кипер), серијата 329 постигнува одличен пазарен успех. Шестстепениот менувач од ZF овозможува 80 km/h.

L 323, со товарен кран

Mercedes-Benz L 323

L 323 е специјалист во споредба класичните кипери, кој со кранот може сам да се натовари. Тоа е новитет на времето. Саемскиот експонат потекнува од 1962 година. Кусата хауба укажува дека моторот повеќе не е комплетно пред кабината, туку е малку вовлечен во неа. Од следната година, камионите добиваат променета кабина со малку повисок ветробран.

Официјалната продажба во Германија завршува во 1977, но производството за извоз и за специјална намена продолжува до 1982 година, а мали серии се нарачуваат до 1995 година. Во Јужна Америка се продава непосредно до преоѓањето во новиот милениум.

LA 1519, со променлива надградба на мешалка за бетон / кипер

Mercedes-Benz LA 1519

LA 1519 излегува од фабриката како шасија и во фирмата Dautel вo Хајлброн се доработува во мешалка за бетон или кипер. Основен модел е L 1513 од 1969 година, со вкупна тежина до 14,8 тони. Во L 1519 работи мотор со 192 КС, кој без проблем влече и 10-тонска приколка.

1936 AK, со кран

Mercedes-Benz 1936 AK (NG 80)

Од историската колекција на кипери и кранови потекнува и 1936 AK со кран. Моторот е V10 од 18,3 литри и со моќност од 360 КС. Десетцилиндарецот е легенда. Саемскиот примерок од 1988 година постигнува 95 km/h.

2628, возило за собирање смет

Mercedes-Benz 2628 6x4

Денес за оваа намена се користат специјални возила, додека порано служеа класични модели од големосериското производство. Моделот 2628 6х4 потекнува од NG 80 (Нова Генерација 1980) и има поминато над 860.000 километри во собирање смет. Моторот е B8 со 14,5 литри.

LM 311, возило за собирање смет

Mercedes-Benz LM 311

Mercedes го изложува LM 311 од 1955 година како сведоштво за огромниот напредок што е постигнат до денешните специјални верзии за собирање отпад на база на Econic.

LP 1113, улична прскалка

Mercedes-Benz LP 1113

Фановите особено ќе се израдуваат на овој камион од 1976 година, со таканаречена пулман кабина. LP е честа појава по улиците до првата половина од 1980-те години. Во Штутгарт уште се користат неколку примероци од овој камион.

LA 312, возило за собирање ѓубриво

Mercedes-Benz LA 312

Во 1957 година, LA 312 со погон на сите тркала (А) ги собира остатоците од животинските фарми. Моторот е 10,8-литарски шестцилиндарец, со моќни 90 КС за тоа време.

LK 1924, цистерна

Mercedes-Benz L 1924

Примерокот од 1972 година е типичен претставник за своето време, со тркалезна хауба, како дел од генерацијата што дебитира во 1958 година и се произведува до средината на 1990-те години. Саемскиот експонат има поминато 1,7 милион километри, со трет мотор, но оригинален менувач и задна оска.

LP 2223

Mercedes-Benz LP 2223

Историски собир не може да се одржи без моделот што сцената го познава како „адвентски календар“. Кабината не се преклопува како кај претходникот, па одржувањето и сервисирањето се врши преку бројни отвори по целото возило. Поради тоа, возачите и механичарите го нарекуват „адветски календар“.

LP 333 „стоногалка“

Mercedes-Benz LP 333

Главната одлика на Mercedes во 1950-те години е брзото реагирање на промените на пазарот. LP 333 со три оски пристига како брз одговор на ограничувањата во димензиите и тежините од 1958 година.

Тркачки Atego од 1998 година

Mercedes-Benz Atego Racetruck

Стар само дваесет години и покус за цела деценија за статусот олдтајмер, тркачкиот Atego ќе го привлекува вниманието на публиката со 1500 КС од 12-литарскиот мотор. Двапати дневно за време на саемот ќе проработува моќното срце на Atego пред публиката.

Олдтајмери вредни 20 милиони евра бараат нови сопственици на Техно Класика

На овие олдтајмери најмногу им пораснала вредноста

Олдтајмери во коишто најмногу вреди да се инвестира


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

116
27 shares, 116 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743