за

Вака изгледа пијано возење со трезни очи

пијано возење камера

Кога луѓето се под дејство на алкохол, обично ги преценуваат своите способности. Некои дури седнуваат и зад волан, убедени дека имаат одлична контрола над возилото. Сите предупредувања, совети, црни хроники и слични форми коишто укажуваат на опасноста од возење во алкохолизирана состојба, стануваат безначајни покрај ова видео.

Сообраќајната полиција во англискиот Сасекс објави снимка од камерата во возилото, додека возачка под дејство на алкохол управува со истото. Камерата снимила многубројни опасни ситуации, излегување од асфалтот при темпо 120, качување на тротоар, возење со 80 километри на час по тесна градска улица на којашто се вршат градежни активности, но таквото возење има и завршеток.

Поради одбивање на алкотестот, запишано е трипати повисоко ниво на алкохол од дозволеното

Од полицијата наведуваат дека не станува збор за режирано видео, на коешто свесно се инсценирани екстремни ситуации, туку за реална снимка. Поради тоа што одбила мерење на нивото на алкохол, полицијата според протоколот забележала дека возачката имала трипати повисока количина алкохол во крвта од дозволените 0,8 промили.

Возачката е извесна Луис Вилард, 41, локална учителка. За среќа, таа минала неповредена. Вилард има забрана да управува возило во следните две години, а ќе одработи и 150 часови општествена работа во следните 12 месеци. Дополнително следи и парична казна.

Милијардерка казнета со 25.000 евра за возење под алкохол

Невниманието зад воланот е опасно исто колку алкохолот

Зборувањето на мобилен најмногу ги загрижува возачите

Во Холандија возат и со бандери на покривот

За пијани на велосипед: 4000 евра во Британија, затвор во Полска

Одбивање алкотест во странство се казнува до 10.000 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

psa peugeot citroen ds elektrifikacija

Групацијата на Peugeot доаѓа со електричен модел на салонот во Париз

мери бара џенерал моторс

Мери Бара со најдобра заработка меѓу авто-босовите