Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Теми

Калифорнија не ги сака „валканите“ автомобили на Трамп

Златната држава ќе ги почитува ограничувањата за потрошувачката од времето на Обама

Калифорнија нема да ги почитува новите норми за потрошувачка на гориво, коишто ќе им овозможат на американските производителите на автомобили да продолжат со продажба на возила со висока потрошувачка на гориво и соодветно висока емисија на штетни материи.

Претставници од американската автомобилска индустрија се најдоа пред работното биро на Трамп кусо по неговото влегување во овалната канцеларија во Белата Куќа. Тие побараа од новиот претседател укинување на строгите норми за потрошувачка на гориво, коишто беа донесени во времето на Обама.

Новите норми предвидуваа просечната потрошувачка на гориво до 2025 година да се намали на 55 милји по галон, односно околу 4,3 литри на сто километри, што е голем предизвик за индустријата којашто најмногу произведува тешки пикапи и СУВ-модели.

Очигледно е дека успеало убедувањето, затоа што американската агенција за животна средина ЕПА во следните денови ќе гласа за нови норми за потрошувачката на гориво. Се очекува дека овие норми ќе бидат многу поблиски до интересите на производителите на автомобили.

Агенцијата ЕПА нема планови да ја поттикне автомобилската индустрија во земјата да развива и произведува поекономични и поеколошки возила

Со агенцијата ЕПА денес раководи Скот Пруит, кој го дели истото убедување со Трамп, дека климатските промени не се предизвикани од човечки фактор. Тој оценува дека законите од времето на Обама се „преголем предизвик за американските производители, коишто на тој начин ќе бидат спречени да ги продаваат моделите што се особено популарни меѓу Американците.“

Но, Пруит и Трамп имаат еден моќен и решен противник, кој може да ги поништи плановите на двајцата скептици околу заштитата на животната средина. Тоа е сојузната држава Калифорнија, најважниот автомобилски пазар во САД и предводник во почитувањето на строги закони за заштита на животната средина. „Златната држава“ може да ја искористи можноста што ја добива со таканаречениот акт за чист воздух и да постави сопствени гранични вредности.

Според пишувањето на „Лос Анџелес Тајмс“, шефот на ЕПА планира на Калифорнија да ѝ го одземе правото за донесување построги норми. Но, актуелната ситуација во Вашингтон ги отежнува плановите на Скот Пруит. Тој е еден од членовите во кабинетот на Трамп, коишто се товарат за расипништво.

Калифорнија е „подготвена на сите сценарија, со цел да се заштитат здравјето и економијата“

Калифорнискиот министер за правда Ксавиер Бесера нема намера да отстапи: „Подготвени сме на сите сценарија, со цел да ги заштитиме нашето здравје и нашата економија.“ Со почитување на ограничувањата за потрошувачката на гориво се предвидува преполовување на емисијата на стакленички гасови во споредба со 2010 година. Донесувањето на овие закони во времето на Обама, според агенцијата за заштита на животната средина ЕПА, беше „најважната владина акција во историјата.“

Автомобилската индустрија се надева дека ќе биде постигнат компромис меѓу Калифорнија и Агенцијата. Бил Форд, шеф на Ford Motor, се изјасни дека неговата компанија „не бара комплетна отстапка, туку флексибилност, којашто на клиентите ќе им овозможи избор што можат да го платат.“

Според Лос Анџелес Тајмс, администрацијата на Трамп воопшто не постапува дипломатски во поглед на заштитата на животната средина. Шефот на ЕПА смета дека Калифорнија ќе го изгуби правото да поставува сопствени цели во заштитата на климата. Но, на „златната држава“ досега не ѝ е одземено ниту едно право. „Калифорнија силно ќе им се спротивстави на сите обиди за укинување на строгите норми за потрошувачката на гориво,“ најавуваат еколозите во сојузната држава.

Еден милион корисници на car2go во Северна Америка

И американските судови се острат против германскиот картел

Како Американците профитираа од нападот врз дизелите на Volkswagen

 

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730