152
20 shares, 152 points

Калифорнија отсекогаш покажувала висока свест за животната средина. Електрични автомобили се возат масовно. Лос Анџелес планира чекор понапред. По 2050 година, автомобилите со обичен погон ќе изчеснат од улиците.

Сосем е разбирливо тоа што во Калифорнија се возат „најчистите“ автомобили. Државата е богата, економијата е робусна како тенк, Силиконската Долина останува под силен напон. Но, тоа не го решава главниот проблем во секојдневната мобилност. Во 12-милионската агломерација Лос Анџелес има застои што трајат со часови. Градоначалникот Ерик Гарсети има план да го смени тоа.

До 2035 година, 80 проценти од службениот возен парк на градот треба да се префрлат на струја. Енергијата за полнење на батериите исто така во најголем дел ќе се добива од обновливи извори. Градот планира и да ја скуси годишната километража на жителите за 3.000 километри. Тоа ќе се постигнува преку интелигентен развој на јавниот превоз. Се спомнува и користење електрични тротинети и скутери, јавно достапен возен парк (carsharing), возење велосипед.

Бројот на полначи за електрични автомобили во градот ќе се зголеми на 28.000 до 2035 година

До средината на следната декада, една четвртина од новорегистрираните возила во подрачјето на Лос Анџелес ќе бидат со електрифицирана погонска спрега. Десет години подоцна, нивниот удел ќе се искачи на 80 проценти. Во исто време ќе се проширува и мрежата од полначи, од сегашните 2.100, на 28.000 полначи.

Градските власти размислуваат и за автопилотирани возила. Градоначаникот Гарсети, кој патем освои 80% од гласовите на изборите пред две години, има јасна претстава за иднината на мобилноста. Во 2021 година се очекува првите автопилотирани возила да се појават по американските улици. Гарсети поставува услов овие возила задолжително да бидат електрични: „Луѓето би седнале во автопилотирано возило, само ако гледаме 20, 30 години напред. Со нашето барање, автономните возила задолжително да имаат електричен погон, ќе го приближиме електричниот погон до луѓето.“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
20 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *