за

Калифорнија ќе дозволи само пет марки автомобили

Калифорнија ќе дозволи само пет марки автомобили
Калифорнија ќе дозволи само пет марки автомобили

Продолжува спорот меѓу сојузните власти и државата Калифорнија, околу граничните вредности за издувни гасови. Калифорнија ќе дозволи продажба на само пет марки автомобили, коишто ги исполнуваат нејзините строги барања во поглед на емисијата на штетни материи.

Калифорнија го зголемува притисокот врз производителите на автомобили, во спорот со американскиот претседател Доналд Трамп, околу нормите за издувни гасови. Богатата сојузна држава на западниот брег планира од 1-ви јануари 2020 година да дозволи продажба на само пет производители на автомобили, коишто ги исполнуваат строгите калифорниски закони. Петте производители се BMW, Honda, Ford, Volkswagen и Audi.

Најголем аргумент на Калифорнија во борбата за воведување строги норми за издувни гасови е силната купувачка моќ на нејзините жители. Гувернерот Њусом: „Производителите на автомобили кои решија да останат на погрешната страна на историјата ќе останат без купувачката моќ на Калифорнија.“ Со оваа реторика, калифорнискиот гувернер ги осудува производителите што според медиумските објави застанале на страната на Трамп.

Калифорнија ќе се бори за задржување на специјалното право во сојузни рамки

Конфликтот меѓу Калифорнија, којашто и во историски рамки важи како предводник во заштитата на животната средина, и Вашингтон трае уште од стапувањето на Трамп во претседателската функција. Неговата политика има за цел да ги ублажи строгите закони за издувни гасови кои беа донесени во времето на претходникот Барак Обама.

⇒ Избор од нашите содржини: Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Калифорнија може да донесе построги закони за издувни гасови од оние што важат на сојузно ниво, повикувајќи се на нејзиното специјално право. Сојузната држава ќе се бори да го задржи своето право до највисоките инстанци, односно до Врховниот Суд. Правилата на Калифорнија ги следат уште 13 американски сојузни држави, со што се создава влијателен фронт против политиката на Трамп.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini John Cooper Works GP

Mini John Cooper Works GP е вистински големец на тркачката патека

Mercedes-AMG GLS 63

Mercedes-AMG GLS 63: Забава за 612 КС на површина на дневна соба