141
25 shares, 141 points

Деновиве повторно се раздвижува сцената на ексклузивните автомобилски календари. Фотографот Карлос Кела веќе 11 години го изработува „Girls & legendary US-Cars“, скап но вреден календар, со 52 листови и со најголемите пинап-ѕвезди

Календарите се пригоден инструмент, за фирмите цела година да нé потсеќаат на своето постоење. Тоа важи за календарите во секаква големина и форма, кои се обезбедуваат при неслучајните посети на пријателите или роднините на нивните работни места. Постојат и други календари, на коишто не фигурира име на фирма, но затоа треба и соодветно да се плати. Тоа е ексклузивна сцена, на којашто се појавуваат само врвни фотографи и убавици кои го подгреваат инаку студениот автомобилски метал.

Календарите на Карлос Кела веќе имаат долга традиција на оваа сцена. Фотографот со седиште во Хамбург е креаторот на Girls & legendary US-Cars“, кој се печати веќе 11-та година. Комбинацијата од легенди од американската автомобилска историја и убави дами е рецептот за успех на календарот на Карлос.

Календарот е испечатен во само 2019 примероци

Станува збор за ексклузивно издание со солидна цена од 39,90 евра на Амазон, коешто место класичните 12 мотиви, нуди нова сцена секоја недела. Тоа се 52 календарски листови, со 19 убавици и 30 американски олдтајмери. На насловната страна е светски познатиот пинап-модел Есид Дол од Белгија, којашто позира покрај Oldsmobile Super 88 од 1963 година.

Имињата на 19-те модели од пинап и бурлеска сцената исто така звучат инспиративно: Есид Дол, Фројлајн фон Цукер, Ина Гасолина, Џулија Баракуда, Ла Виола Виксен, Леди Бела Бјонда, Лола ван Дикс, Мис Каталина Роуз, Мис Диверзити, Мис Харли Син, Мис Минти, Мици Морисон, Натали, Натали Тајнио, Пола Вокс, Рина Бамбина, Трикси ла Флејм и „Anna von 30sto50s“.

Ова се и триесетте американски олдтајмери во „Girls & legendary US-Cars“:

Buick Riviera, 1973 / Cadillac Coupé DeVille Custom, 1956 / Oldsmobile 88, 1962 / Ford Thunderbird, 1957 / Cadillac Fleetwood Series 75, 1939 / Cadillac Sedan DeVille, 1959 / Chevrolet El Camino, 1968 / Buick Special, 1956 / Dodge Polara, 1965 / Ford Mustang Fastback Shelby GT 350, 1967 / Studebaker Avanti, 1963 / Cadillac Miller-Meteor Flowercar, 1964 / Auburn Boattail Speedster 851, 1969 / Ford F-100, 1956 / Chrysler Imperial LeBaron, 1974 / Chevrolet Nova, 1966 / Cadillac Coupé DeVille, 1958 / Dodge Charger R/T, 1970 / Ford Mustang Fastback, 1967 / Plymouth Belvedere, 1958 / Chevrolet 1/2 Ton Truck, 1946 / Chevrolet Apache, 1959 / Buick Super, 1947 / Plymouth Savoy, 1959 / Plymouth Roadrunner, 1974 / Chevrolet Bel Air, 1960 / Chevrolet Bel Air, 1961 / Plymouth P10, 1948 / Packard Convertible, 1951 / Cadillac 62 Flattop Sedan, 1959

  • Фотографија: Carlos Kella
  • Издавач: SWAY Books
  • Девојка на насловната: Есид Дол (Белгија)
  • Јазик: Германски / англиски
  • Димензии: 42 x 30,7 cm
  • Обем: 56 листови, од кои 52 календарски листови
  • Поврзување: Wire-O во црна боја
  • Материјал: Ситопечат 150g/m2
  • ISBN: 9783-943740-219

Врска до страницата на Amazon.de со детали за календарот:

https://amzn.to/2zEmVcT

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
25 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *