за

Калашников произведува пушки, футроли за мобилен и … електромобил

Калашников ЦВ-1

Рускиот производител на оружје Калашников изработи електричен автомобил во ретро советски стил. Сосем е нормално тоа што CV-1 се доведува во контекст со американската електрична марка

Светот ги сака руските бајки. Деновиве токму производителот на автоматската пушка АК-47 раскажува бајка, во којашто руските електрични автомобили се покажуваат супериорни над измазнетите калифорниски електромобили на Tesla. Секако дека рускиот автомобил на батерии од бајката се произведува во концернот Калашников и како основа го користи неуништливиот концепт на ИЖ, користен и проверен од милиони Руси.

калашников ЦВ-11

Без разлика што комбито во ретро советски стил е замислено само како салонски експонат, ова е една од најсимпатичните идеи за електромобилноста годинава. Робусната каросерија е лакирана во сината боја на електромобилноста, но во нејзиниот најмалку робусен тон, што веројатно би требало да се разбере како потсмев за дотераните електромобили. Таква е руската смисла за хумор.

Автомат-електромобилот на Калашников го користи како основа ИЖ-2125 „комби“ од 1973 година

Стилската основа доаѓа од ИЖ-2125 „комби“ од 1973 година, автомобил произведен во 414.187 примероци до 1997 година. Изборот на автомобилот не е случаен, затоа што производителот ИжАуто, некогаш беше дел од Ижмаш, фактичкиот производител на АК-47.

ИЖ-2125 комби

Автомат-електромобилот од концернот Калашников вози до 350 километри со едно полнење на батеријата. Други детали околу возилото не се наведуваат. Нема ниту потреба од тоа, зашто „со оваа технологија ќе се позиционираме меѓу глобалните производители на електрични автомобили, како што е Tesla“, пишува во соопштението од моќниот руски концерн.

Русите веќе ја разбраа шегата и на фејсбук профилот на Калашников може да се прочитаат коментари во стилот на „вашите тенкови се одлични, но подобро е да не се впуштате во производство на автомобили“.

калашников ЦВ-111

Концернот веќе со години бара ново подрачје за проширување на бизнисот. Неодамна беше лансирана модна колекција, а постојат и чадори, футроли за мобилен телефон и чамци.

Ефектот е веќе постигнат, светот се занимава со новото поглавје во односите меѓу Москва и Вашингтон, во коешто руските електрични автомобили се супериорни над Tesla. Името Тесла, некако воошпто не ни звучи американски…

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes muzej site drzavi UN

Музејот на Mercedes го посетиле туристи од 193 држави

Audi PB18 e-tron

Audi PB18 e-tron како да вози на „четирифазна“ струја