за

Kолона од десет возила Volkswagen Multivan за Кевин Костнер

Десет парчиња Volkswagen Multivan во најскапата можна изведба послужија за превоз на оскаровецот Кевин Костнер и на неговиот бенд „Modern West“. Холивудската ѕвезда е промотор на модниот бренд Arqueonautas.

Кевин Костнер сигурно не глуми кога станува збор за неговите искуства со возилата од комерцијалната програма на Volkswagen, туку напротив: „Кога ќе влезам во Multivan, јас се чувствувам како дома”, открива актерот, продуцент и режисер. Во соопштението што ни го достави увозникот Порше Македонија се цитира и изјавата на Елке Елер, член на одборот за човечки ресурси во Volkswagen Комерцијални возила: „Воодушевена сум што Кевин Костнер секогаш кога доаѓа во Германија сака да патува со нашите Multivan возила од брендот Volkswagen Комерцијални возила. Кевин Костнер многу добро го познава моделот Multivan Highline, бидејќи тој во 2011 година го користеше ова комби кога со својот бенд беше на турнеја низ Германија. Големата филмска ѕвезда кога е во Америка, поточно во својот роден град Санта Барбара, се вози во Volkswagen Touareg.

Флотата на холивудската ѕвезда е составена од 10 возила Volkswagen Multivan Highline со мотори со 180 КС и со комплетно кожен ентериер. Возилата имаат систем за навигација и затемнети прозорци. Особено практична е функцијата Digital Voice за прилагодување на звучниците кои се сместени во покривот. Системот им помага на возачот и патниците во задниот дел полесно да комуницираат. Најновиот наследник на легендарниот „Bulli” е омилено возило на холивудската ѕвездата. Најчесто кога патуваат големите музички и филмски ѕвезди го претпочитаат Multivan пред неговите конкуренти, бидејќи Multivan е култно возило. Брендот Volkswagen Комерцијални возила неодамна го имаше статусот на официјално возило на акциониот филм “The Expendables 3” за време на Канскиот филмски фестивал.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

FlexFix: Практичниот систем на Opel наменет за велосипедистите

Porsche Cayenne: Лут зачин во пет варијанти на лутина