160
28 shares, 160 points

Автобус со погон на метан во следните два месеци ќе сообраќа на линијата 5 во Скопје. Модерен Mercedes Citaro CNG во пробниот период ќе ги докажува предностите во поглед на намалувањето на оперативните трошоци, но уште поважно, во поштедувањето на животната средина од емисија на штетни материи.

Погонот на метан ќе се тестира како еколошко и економично погонско гориво во градскиот превоз во Скопје. Автобус Mercedes-Benz Citaro CNG во следните два месеци ќе се тестира на редовната линија 5 во градскиот превоз, со цел да се покажат предностите што погонот на метан ги носи во поглед на намалувањето на трошоците за гориво, но и во драстичното намалување на емисијата на штетни материи. Citaro е најпродаваниот градски автобус во историјата, со преку 50.000 испораки досега.

Трошоците за гориво ќе се преполоват со евентуалното преоѓање од сегашниот погон на дизел на автобусите на ЈСП, на компримиран природен гас или CNG

Покрај тоа што потрошувачката на гориво е за 50% пониска во споредба со постоечките градски автобуси со погон на дизел, драстично се намалува и емисијата на СО2, како и на останатите штетни материи, а особено азотните оксиди.

ЈСП Автобуси на метан 1

Предавањето на автобусот Citaro CNG на пробно возење во градот се одржа во просториите на компанијата Мак Аутостар, којашто е увозник и сервисер и за возилата од комерцијалната програма на Daimler. На потпишувањето на договорот за пробно користење меѓу градоначалникот Шилегов и Михаило Зографски, директор за продажба на комерцијални возила на Мак Аутостар, присуствуваа и Кристијан Чушков, директор на ЈСП Скопје и Дарко Цвијановиќ, претставник на Mercedes од Германија.

Скопје заслужува автобуски превоз кој нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и кој во целост ќе излезе во пресрет на потребите на граѓаните коишто го користат. За таа цел потпишавме договор со Мак Аутостар за пробно користење на автобус на гас од производителот Мерцедес Бенц, за период од два месеци. Автобусот е направен по последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас Петре Шилегов, градоначалник на Скопје

Во минатиот месец беше потпишан и договор за пробно користење на електричен автобус за период од шест месеци, на линијата 15. Според градоначалникот, новите искуства во погонот на метан и со електричниот погон ќе се користат во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз, којашто има за цел создавање на економски ефикасен градски превоз што не го загадува воздухот.

Решавањето на деценискиот проблем со јавниот превоз во Скопје е дел од листата на приоритети на Градот. Годинава од буџетот на Скопје се предвидени субвенции за набавка на еко автобуси во висина од 100 милиони денари за ЈСП и 20 милиони за приватните превозници.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Mercedes Citaro Viena 50000

Неколку факти за Mercedes-Benz Citaro

  • Првите примероци од Citaro со хибриден погон се испорачаа во декември во Штутгарт.
  • Mercedes во ноември го потврди почетокот на сериското производство на верзијата со електричен погон за крајот на 2018 година
  • Лани во септември, во Виена беше испорачан 50.000-от примерок од Citaro, најпродаваниот градски автобус на сите времиња, со две генерации и дваесетгодишна традиција
  • Германскиот град Олденбург во октомври 2016 година целосно го префрли градскиот превоз на автобуси со погон на метан
  • Примероци од Citaro со погон на водород и биогас ги превезува посетителите на салонот на комерцијални возила IAA во Франкфурт, во септември 2016 година.
  • Во Мадрид, во мај 2016 година стартуваа 82 автобуси Mercedes Citaro со погон на метан
  • Во јуни 2016 година е договорена испорака на 199 автобуси од Daimler Buses за Париз, вклучувајќи и Citaro
  • Во април 2014 година е испорачан 40.000-от примерок од Citaro. Во тој момент, Citaro вози во речиси сите европски метрополи меѓу Лондон и Букурешт, Мадрид и Хелсинки. Покрај тоа, Citaro се користи и во градскиот превоз во Мексико, Јапонија, Сингапур и Абу Даби, па дури и на францускиот остров Ла Реунион во Индискиот Океан. Тој може да се сретне и во Истанбил, Ненси или Стразбур, а се користи и како платформа за најголемото амбулантно возило во светот, во Дубаи.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Триесет автобуси со погон на метан во словенската престолнина

Макпетрол се залага за метанот како ново алтернативно гориво во Македонија

Мадрид ќе добие 82 автобуса Mercedes-Benz со погон на метан

Макпетрол отвора четврта станица за полнење метан во возилата

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
28 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743