174
31 shares, 174 points

Бизнисот со акумулатори на Johnson Controls му вредеше близу 12 милијарди евра на новиот сопственик, финансискиот инвеститор Brookfield Business Partners. Еден од секои три автомобили во светот вози со овие акумулатори

Американскиот добавувач на автомобилската индустрија и специјалист за техника за објекти Johnson Controls се откажува од својот бизнис со акумулатори за возила. Огранокот Power Solutions е продаден за 13,2 милијарди долари, односно 11,78 милијарди евра, на финансискиот инвеститор Brookfield Business Partners. Соодветно се зголеми и предберзанската вредност на акциите, за околу 2,5 проценти.

Погледнете ги резултатите од големиот тест на акумулатори
Овој огранок на JC лани продал 154 милиони акумулатори низ светот

Целта на шефот на концернот Џорџ Оливер е да го профилира имиџот на Johnson Controls како специјалист за техника за објекти. По даноците и трошоците за траксакцијата, концернот очекува нето добивка од 11,4 милијарди долари. Оваа сума сепак нема да им се исплати целосно на акционерите. Johnson Controls ќе задржи меѓу три и 3,5 милијарди долари, заради подмирување на долговите. Деталите ќе бидат познати по трансакцијата, којашто треба да се случи до 30-ти јуни 2019 година, доколку властите ја дадат неопходната согласност.

Varta е меѓу локално најпознатите марки акумулатори на Johnson Controls, покрај глобалните марки LTH, Heliar, MAC, Optima, Delkor и PowerFrame

Power Solutions во деловната 2018 година оствари 8 милијарди долари промет. Неоданочената добивка изнесуваше 1,68 милијарда долари. Компанијата уште во март годинава ја најави можноста за продажба на бизнисот со автомобилски акумулатори. Само овој огранок вработува околу 15.000 лица.

Десет акумулатори на тест, еден не заслужи препорака

Го проверивте акумулаторот на возилото?

Што треба да се знае за акумулаторот на возилото

Неколку куси совети пред зимата

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
31 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *