По осум месеци откако Volkswagen стартуваше со новата марка Jetta на кинескиот пазар, потегот се покажува мошне успешен. Марката е позиционирана во најдостапниот пазарен сегмент и тоа привлекува широк круг купувачи, особено во време кога расте интересот за поседување сопствен автомобил.
Jetta е моделско име со вредна традиција на овие простори, а моментно се користи за лимузината од компакт класата што се продава во САД. Но, Jetta постои и како засебна марка на Volkswagen – во Кина. Во април, на најголемиот пазар во светот беа испорачани 13.500 возила од марката, што во споредба со главната марка на концернот, позиционирана е слично кaко Dacia во однос на Renault.
Потегот со нејзиното основање, направи Jetta да има еден од најбрзите стартови на нова марка на кинескиот пазар. Од јануари до април, во земјата се продадоа вкупно 38.000 возила под оваа марка.
Поради пандемијата, зголемен е интересот за поседување сопствен автомобил и за избегнување на јавниот превоз, како и на краткотрајните изнајмувања на возило. Jetta се обраќа токму на тој круг купувачи, што се подготвени првпат во животот да поседуваат сопствен автомобил. Понудата се состои од една лимузина и два СУВ-модели.
Во време кога целиот пазар во Кина се намали за третина поради пандемијата, Jetta имаше пад од само десетина проценти
Откако стартуваше продажбата на марката Jetta во Кина, во септември 2019 година, вкупно се испорачани 81.000 возила. Во првите четири месеци од годинава, како последица од корона-пандемијата, продажбата се намалила само за 12 проценти, во споредба со периодот од септември до декември лани. Во исто време, целиот пазар во земјата се смали за 30 проценти. Jetta во кризата го зголеми своето пазарно присуство.
Основниот ценовен сегмент учествува со една третина во вкупниот пазар во Кина. Четири од пет купувачи во овој сегмент првпат во животот поседуваат сопствен автомобил. Тоа е основниот круг на купувачи на Jetta, кои доаѓаат главно од градските средини.