за

Италијанските карабиниери ќе возат Jeep Wrangler

Jeep Wrangler Carabinieri

Сцени од Бејвоч ќе заживеат летово на плажите во Ромања. Италијанските карабиниери ќе патролираат дење и ноќе по прочуеното крајбрежје околу Римини во специјално подготвен Jeep Wrangler

Италијанските карабиниери летово ќе патролираат по убавите плажи во Ромања во возен парк од Jeep Wrangler. Специјално лакирани во препознатливите бои на чуварите на редот и мирот, џиповите ќе патролираат по прочуеното крајбрежје долго 30 километри, околу Римини и Рикојоне.

Ова е првпат во Италија да се воведе ваков вид на безбедносна патрола. Теренската легенда Jeep Wrangler, во верзијата за карабиниерите ќе вози со 2,8 литарски дизел, во комбинација со автоматски менувач. Сите возила се снабдени со пакет за екстремен терен од куќниот специјалист Mopar, со клиренс зголемен за пет сантиметри, црни бандажи од 17 инчи, гуми од 32 инчи, заштита напред и назад, како и заштитни продолжетоци покрај праговите.

Во возилата е вградена и специфична опрема, како рачна светилка, сирена, држач за автоматска пушка, два држачи за сигнални дискови и преносно радио. Jeep Wrangler е во природна средина кога е во служба на безбедноста. Неговиот предок од 1941 година, Willys Overland MA/MB, беше создаден специјално за превоз на војската во втората светска војна.

И како мало откритие, снимка од бркотниците на карабиниерите

https://youtu.be/3kCvDfql324

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стадионот на Ајакс, батерии Nissan

Стадионот на Ајакс се напојува од стари батерии од Nissan Leaf

Porsche Studio Milano

Porsche отвори бутик-салон во градот на модата