за

Вака Американците оценија 31 автомобилска марка според квалитетот

оцена на квалитетот на автомобилите според JD Power

Квалитетот на сите модели од сите марки во последното истражување на JD Power се подобрил за 4% во споредба со лани. Според американските возачи, Genesis и Kia имаат највисок квалитет, Jaguar и Land Rover најслаб

Американската агенција JD Power уште од 1987 година го слуша гласот на сопствениците на автомобили, кои се најповикан кога треба да се оценува квалитетот на возилата од одделни марки. Индексот на квалитет се одредува едноставно – тоа е бројот на пријавени дефекти од страна на сопствениците, на секои сто возила од одредена марка, односно модел.

Од многуте истражувања коишто ги спроведува JD Power, најмногу интерес постои околу таканаречениот индекс на квалитет при испорака. Тоа се дефектите коишто се пријавени во првите 90 денови од испорачувањето на возилото. Овој индекс, понатаму се разгранува на осум категории. Од 31 марка во истражувањето, дури 21 марка го подобриле резултатот од лани. Индустрискиот просек е 93, што е за 4 единици подобро отколку во 2017 година. Тоа значи дека на секои сто возила, сопствениците пријавувале во просек по 93 најразлични дефекти.

Најважните заклучоци во последното истражување на JD Power:

Од осумте категории, најголемо подобрување има во дефектите што се однесуваат на надворешноста на возилото, кадешто индексот изнесува 15,2 (дефекти на сто возила). Лани, вредноста изнесувала 16,6. Сопствениците поретко се пожалиле на звуци од струење на ветрот и пропусти во лакот. Големо подобрување има и во седиштата (индекс 8) и внатрешноста (14,3).

Од моделите, најдобро е пласиран Porsche 911, со индекс 48. Тоа е воедно и највисоко ниво на квалитет, забележано од 2013 година наваму.

Помалку проблеми со инфо-забавните системи: Ова подрачје и натаму е најпроблематично за сопствениците, но дава простор за надеж тоа што веќе трета година има подобрување во аудио, комуникациските, забавните и навигациските системи. Најмногу забелешки има за препознавањето на говорните команди.

Растат проблемите со системите за асистенција: Како што производителите вградуваат се повеќе системи за асистенција, така растат и проблемите што ги пријавуваат сопствениците. Нивото е ниско, со 3,5 дефекти на секои 100 возила, но во минатите три години расте по 20% секоја година.

Марки и модели со највисока оцена за квалитетот:

Првото место припаѓа на Genesis, премиум марката на Hyundai, со индекс 68. Следи Kia, со 72 дефекти на сто возила, веднаш потоа е мајката на концернот, Hyundai, со индекс 74. Четврта година по ред Kia е најдобро пласирана големоволуменска марка. Porsche е четврти (79), пред Ford со индекс 81 на петтото место.

indeks kvalitet pri isporaka jd power

Најголемо подобрување постигнала Mazda, чијшто возачи пријавувале по 25 дефекти помалку на секои сто возила отколку во 2017 година. Одличен напредок има и кај Mitsubishi, со индекс подобрен за 20 единици, Cadillac (15), Infiniti (15), Hyundai (14) и Lexus (14).

jd power-3

jd power-4

Меѓу групациите води Ford, со пет модели од своите марки коишто имаат постигнато врвен пласман, потоа е групацијата Hyundai Kia со четири модели, а со еден модел помалку следат BMW, General Motors и Nissan.

Модели на Ford коишто се пласирале највисоко во своите класи се Expedition, Mustang, F Super Duty, Lincoln Continental и Lincoln MKC. Кај второпласираниот Hyundai, тоа е случај со Genesis G90, Hyundai Tucson, Kia Rio и Kia Sorento. Домашниот General Motors води со Buick Envision, Chevrolet Silverado и Chevrolet Silverado HD. Германскиот BMW ги има овие шампиони: Серијата 4, X1 и X6. Во соодветните сегменти, најдобро пласирани мoдели на Nissan се Altima, Frontier и Maxima. Од останатите модели со впечатлив успех во своите сегменти се издвојуваат Acura ILX, Dodge Grand Caravan, Mercedes-Benz GLA и Toyota Corolla.

И делот за нашите читатели кои сакаат да го знаат и последниот детаљ:

2018 U.S. Initial Quality Study Key Stats

Извештај на ТУВ: Ова се најрасипливите и најиздржливите автомобили

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 4 и 5 години

Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 6 и 7 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW M Performance Parts Concept

BMW е сам свој тјунер

Започна производството на серијата 8 на BMW

Првиот примерок од серијата 8 на BMW е црвен како Ferrari