Триесетти пат компанијата JD Power објавува ранг листа на најиздржливи автомобилски марки на американскиот пазар. Рангирањето се врши врз основа на бројот на пријавени дефекти кај возила стари три години. На првите три места нема изненадувања, но подолу се менува многу.
Lexus и Toyota повторно ги имаат највисоките места на ранг листата на JD Power. Меѓу нив се вмеѓува единствено Porsche, на второто место. Американската консултантска компанија секоја година го споредува бројот на пријавени дефекти од страна на корисниците по марка и по модел, со што се покажува кои автомобили на големиот пазар се најиздржливи, а кои најчувствителни.
Се разгледуваат само возила стари три години, што значи дека во истражувањето за 2019 година биле опфатени автомобили регистрирани првпат во 2016 година. Генерално, задоволството на сопствениците во последното истражување се подобрило за 4 проценти.
Lexus осма година го предводи списокот на најиздржливи марки; Забелешките пристигаат директно од сопствениците на автомобилите
Индексот на издржливост се пресметува според бројот на пријавени дефекти на секои 100 примероци од одреден модел, за време на последните 12 месеци. Lexus води убедливо со индекс 106, што значи дека на секои 100 возила биле пријавени по 106 дефекти, во помал или поголем обем. За луксузната марка на Toyota, ова е осма година на првото место на листата на JD Power.
Втор е Porsche со индекс 108, третото место ѝ припаѓа на Toyota, со истиот индекс. Изненадување е пласманот на Chevrolet и Buick меѓу најдобрите пет марки. Најголем скок има кај Chrysler, кој сега има 65 помалку дефекти по сто возила отколку во претходното истражување.
General Motors со своите марки има освоено најмногу први места во одделните класи
General Motors е шампион петпати, со Buick LaCrosse, Buick Verano, Chevrolet Equinox, Chevrolet Silverado HD и Chevrolet Sonic, секој во својата класа. Следи Toyota со четири први места, за Lexus ES, Lexus GX, Toyota Camry и Toyota Tundra.
Според вкупните резултати, индексот на издрливост за 2019 година изнесува 136 (толку дефекти на секои 100 возила), што е подобрување за 6 индексни стапки во споредба со лани. Првпат се случува „масовните“ марки да имаат подобар резултат од престижните марки, со индекс 135 наспроти 141.
Првпат сите германски марки се над просекот на браншата и првпат се прогласува најиздржлив модел – Porsche 911
Првпат во 30-годишната историја се случува и сите германски марки да бидат над просекот од сите автомобилски марки во истражувањето. Тоа ја оправдува и наградата за најиздржлив модел за Porsche 911. Американците првпат ја воведуваат оваа звучна титула годинава.
Во истражувањето биле вкучени податоци од 32.952 возачи на автомобил произведен во 2016 година, по три години во нивна сопственост.
Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 6 и 7 години
Извештај на ТУВ: Најиздржливи и најрасипливи модели меѓу 4 и 5 години
Вака Американците оценија 31 автомобилска марка според квалитетот
Што вози Америка во времето на Tesla и компанија?