за

Јапонски град воведе забрана за мобилен за пешаците

Јапонски град воведе забрана за мобилен за пешаците
Јапонски град воведе забрана за мобилен за пешаците

Користењето паметен телефон зад воланот претставува голема опасност. Но, истото важи и за пешаците што се загледуваат во својот телефон и стануваат опасност и за себе и за останатите. Јапонскиот град Јамато има решение – јапонско решение.

Тоа е уште една нова слика во градските средини, кога луѓето се движат по улица буквално со паметниот телефон пред нос и не забележуваат ништо околу себе. Еден град во Јапонија сака да го спречи тоа. Управата на градот Јамато, во близина на Токио, изгласа закон во градското собрание, со којшто на пешаците им се забранува да користат паметен телефон додека пешачат по улиците низ градот.

Кој очекува дека за прекршување на законот ќе следат високи казни, сепак треба прво да има на ум дека станува збор за Јапонија. Од Градот „се надеваат дека забраната ќе влијае врз свесноста за опасностите“. Жителите ќе бидат информирани за новите закони преку плакати и текстуални пораки.

Мобилниот оператор Докомо направи студија во 2014 година, којашто утврди дека на пешаците кои се загледани во дисплејот на својот паметен телефон им остануваат „слободни“ само пет проценти од видното поле.

Во компјутерската симулација во рамките на студијата, 1.500 лица беа пуштени да минуваат на пешачки премин, притоа гледајќи во телефонот. Две третини од лицата не успеаја да дојдат до другиот крај на преминот, без притоа да се судрат со другите минувачи. Авторите на студијата изброија 446 судири, 103 паѓања на земја и 21 испаѓања на телефонот од раце.

Како полицијата низ светот се бори со „телефонистите“ зад волан

казни за телефонирање во возење

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина

Во Кина повторно расте продажбата на автомобили

Новата серија 4 има големи бубрези, но тоа е BMW

Новата серија 4 има големи бубрези, но тоа е BMW