128
20 shares, 128 points

Јапонија сака да го забрза развојот на летечки автомобили и ангажира водечки компании во браншата, со цел оваа технологија да стане реалност во земјата уште во следната декада

Група од околу 20 водечки компании во аеронаутиката и други сектори, вклучувајќи ги Boeing, Airbus, NEC, Japan Airlines или Yamato Holdings, работат под координација од јапонските власти во развој на летечки автомобили. Претставници од компаниите ќе ја остварат својата прва месечна средба на 29-ти август. Јапонското министерство за економија, трговија и индустрија, заедно со министерството за транспорт, ќе ги постават главните точки за натамошниот развој до крајот на годинава.

Засега отсуствуваат официјални информации од компаниите околу нивното учество во големиот проект на јапонската влада. Се шпекулира дека во групата е ангажирана и компанијата Uber, којашто вложува големи суми во новите технологии во транспортниот сектор.

Превозот со летечки автомобили е многу поблиску до реалноста отколку што се претпоставuva

Автомобилите кои можат да полетаат од место, додека сообраќајот по патиштата мирува, се многу поблиску до реалноста отколку што претпоставува пошироката јавност. Многубројни стартап-компании низ светот набавуваат мали летала, какви што до неодамна постоеја само во филмовите од научната фантастика.

Pop.Up_Next_1

Јапонските компании веќе имаат постигнато значајна предност во електричните автомобили и во технологијата за автономно возење. Во такви услови е разбирливо тоа што јапонската влада сака уште повеќе да ја зголеми предноста во развојот и примената на новите технологии. Со вложување во инфраструктура, како и со обезбедување соодветна правна подлога за „летечките автомобили“, островската земја ги впрегнува сите свои капацитети за летечките возила да станат реалност. На тој начин, Јапонија ќе стекне статус на супериорност во иновативната технологија во транспортниот сектор.

Трката со летечки автомобили веќе е започната

Uber ќе вложи 20 милиони евра во следните пет години во развој на превоз со летечки автомобили во Париз. Целта е француската престолнина да добие летечко такси во редовна примена веќе во 2023 година. Kitty Hawk, калифорниска компанија основана и финансирана од Лери Пејџ од Гугл, во почетокот на летово го претстави прототипот на летечки едносед, наменет за рекреација.

Неколку автомобилски концерни исто така работат на оваа технологија, меѓу нив Volkswagen, Daimler и кинескиот Geely. Јапонските производители досега немаат објавено дека планираат да се впуштаат во секторот.

Според јапонското министерство за економија, летечките автомобили ќе придонесат за растоварување на сообраќајниот интензитет, а воедно ќе обезбедат и транспорт за оддалечените острови, во случај на катастрофа. Покрај тоа, туристичката бранша би можела да ги користи летечките автомобили.

Јапонија „притиска“ на оваа технологија, затоа што сака да стекне предност и прва да ги напише правилата за индивидуалниот сообраќај со летечки автомобили. Локалните експерти од браншата ценат дека постоечката регулатива во аеронаутиката е донесена под пресилно влијание од Европа и САД.

Лускузното возење во иднина ќе се одвива по небото

Летечки автомобил од половина милион евра на салонот во Женева

Дубаи воведува летечко такси

Холанѓаните го имаат првиот летечки автомобил во продажба


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
20 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743