162
23 shares, 162 points

Jaguar е уште една марка со спортски гени којашто денес продава повеќе теренци отколку спринтери. XJR575 докажува дека во имиџот на марката уште има простор за класичните моќници.

F-Pace, E-Pace, I-Pace. Сé нови имиња во Jaguar. Не се нови само имињата, туку и концептот. Сите три модели се теренци – или барем тоа што денес го нарекуваме теренец – од кои едниот дури и вози на струја. За многу кусо време, теренците неколкукратно ќе ги престигнат спортските купеа, лимузини, родстери и кабриолети во продажбата на Jaguar. Исто како што се случи кај Porsche или Maserati.

Jaguar XJR575 пристига во рамките на моделското освежување на знаменосецот

Време е марката со дивата мачка да им се врати на своите корени. Времето за појавување на најмоќната верзија на знаменосецот XJ е погодено и поради тоа што триото S-Class, серија 7 и А8 се комплетираше со преоѓањето во нова моделска генерација.

По цена од околу 110.000 фунти, Jaguar од октомври стартува со испорака на спортската верзија од знаменосецот XJ, којашто во традиционалната номенклатура на Британците се води како XJR575. Најсилната лимузина од сериско производство во историјата на Jaguar извлекува 575 КС и 700 њутнметри од петлитарскиот V8 со механички компресор. Спринтот до сто трае 4,4 секунди, крајната брзина е ограничена на 300 километри на час.

Jaguar XJ има поголемо алиби за супермоќна верзија од S8, AMG и M заедно

Со надворешната појава, Jaguar XJR575 не остава простор за сомнеж дека станува збор за најсилната верзија во гамата. За џентлменот меѓу спринтерите да се издвојува дополнително од масата, на располагање стојат и две ексклузивни бои за каросеријата, едната е „брзинско сина“, втората „сатенски сива“. Секако дека не недостигаат проширени прагови, дискретен спојлер на опашот, дополнителни отвори за воздух и бандажи од 20 инчи, со сопирачки кклешти лакирани во црвено.

54 години стар Jaguar E-Type потеран до крајни можности

Има и неколку технички новитети, вклучувајќи дисплеј од 10 инчи којшто прикажува различна содржина кога се гледа од возачкото или совозачкото место. Со духот на времето одговара и 4G-Wifi-Hotspot, којшто дозволува осум уреди да се поврзат на интернет.

Од системите за асистенција се вградува самостојно запирање при опасност од незгода, со препознавање пешаци на пат, систем што препознава замор кај возачот и систем за следење лента, којшто при невнимателно прегазување на линијата интервенира во управувањето и го враќа XJ во сопствената лента.

Сите овие системи за асистенција веројатно ќе останат трајно неангажирани во Jaguar XJR575. Зарем некој би задремал зад воланот на овој брзински монструм што само од пакост е маскиран во лимузина.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
23 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743