за

Jaguar XEL со продолжена каросерија само за Кина

jaguar xel

Jaguar Land Rover денес го претстави Jaguar XEL на салонот во Гуанжу. По премиерата на Jaguar XFL во 2016 година, ова е вториот модел на Jaguar со продолжено меѓуоскино растојание за Кина. Двата модела се произведуваат во заедничката фабрика со партнерот Chery Automobile во Чангшу.

Изведбата на XE со продолжена каросерија се нуди единствено на кинескиот пазар и располага со 100 милиметри подолго растојание меѓу оските. Четирицилиндарските мотори од генерацијата Ingenium исто така се произведуваат во Кина. За три години, ова е веќе четвртиот модел што Chery Jaguar Land Rover го произведува ексклузивно за кинескиот пазар. Land Rover Discovery Sport и Range Rover Evoque исто така се произведуваат локално.

Jaguar XEL им се придружува на „локалците“ XFL, Discovery Sport и Evoque

Лани Jaguar Land Rover продаде близу 120.000 возила во Кина, којашто е најголем единечен пазар за компанијата. Во земјата постојат преку 200 дилерски претставништва на Jaguar Land Rover. В година ќе стартува и локалното производство на Jaguar E-Pace.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

torrot velocipedo

На струја може да се вози и на три тркала

камионот на Tesla

Камионот на Tesla е електричен и грд