144
19 shares, 144 points

Марката со дивата мачка повеќепати ги има напаѓано премиум лимузините со спортски карактер од германското трио Audi A4, BMW серија 3 и Mercedes C-Class. Но, сега станува сериозно.

По цените што Jaguar ги одреди за новата спортска лимузина од средната класа се препознава најдобро какви намери има британската марка со својот XE. Неговата цена на европскиот пазар е малку пониска од Mercedes, на исто рамниште со BMW и малку повисока од Audi. Но, од друга страна, Jaguar не се купува затоа што е поевтин, туку затоа што е поразличен.

Дури и формата на каросеријата не остава простор за сомнеж дека единствената мисија на овој автомобил е напад за преземање на врвот во класата. Главниот дизајнер и ѕвезда на сцената, Јан Калум, внесоа многубројни елементи од спортското купе F-Type. Долгата хауба, заедно со грпката, широкиот појас и кабината повлечена наназад се најпрепознатливите знаци на првиот модел од средната класа во новото сметање на времето во Jaguar. Сликата ја заокружуваат типичната муцка на Jaguar, заедно со концентрираниот и речиси агресивен поглед во тенките светла – така се комплетира претставата за автомобил од марката што носи генетски код на победник.

Најмоќната верзија располага со компресорски 340 КС – засега

Најбрз ловец во семејството е XE S со шестцилиндарски мотор со компресорско натполнење и 340 КС, со вртежен момент од 450 њутнметри и спринт до сто за 5,1 секунди. Цената на овој модел на германскиот пазар изнесува 54.600 евра. Кој сака, може да добие и чисто штедлива машина, со дволитарски дизел со 163 КС, спринт за 8,4 секунди и потрошувачка од 3,8 литри дизел на сто километри. Во верзијата со шестстепен мануелен менувач, XE чини 36.500 евра.

Цените на новиот Jaguar XE исто така се објава на војна против германското трио Audi A4, BMW серија 3 и Mercedes C-Class. Најевтиниот дизел со 163 КС чини 36.500 евра на германскиот пазар
Цените на новиот Jaguar XE исто така се објава на војна против германското трио Audi A4, BMW серија 3 и Mercedes C-Class. Најевтиниот дизел со 163 КС чини 36.500 евра на германскиот пазар

Единствено дизелите со 163 и 180 КС се испорачуваат со мануелен менувач, додека сите други моделски варијанти доаѓаат стандардно со осумстепен автоматик. Понудата од мотори ја комплетираат два бензинца со турбонатполнење и моќност од 200, односно 240 КС. Според фабричките податоци, потрошувачката на овие два мотора изнесува 7,1 литри бензин на сто километри.

Новата генерација мотори од сопствен развој се докажа со штедливоста, но за тоа е заслужен уште еден момент. Три четвртини од каросеријата се изработени од алуминиум. Примената на лесниот материјал е едно од конструкциските начела во моделите на Jaguar, па не случајно британската марка важи како предводник во браншата во тој поглед. Голата каросерија тежи само 251 килограм, односно XE во најлесната верзија со дволитарски бензинец покажува на вага само 1.475 килограми. Најтешката верзија со шестцилиндарец доаѓа до само 1.665 килограми. Последниот пресуден фактор за штедливоста е аеродинамиката. Каросеријата има коефициент на отпор на воздух 0,26.

Оваа комбинација од нова генерација на мотори, паметни автоматски менувачи и електромеханичко сервоуправување, заедно со лесната каросерија и со подвозјето што влече многу заеднички компоненти од F-Type, вклучувајќи задна оска со две триаголни водилки, придонесува за врвната управливост на XE. Според пазарните стратези на британската марка, верзиите со дизел мотор ќе бидат најпродавани во гамата на моделот од средната класа. Каросериска верзија комби нема да се нуди во наследникот на неславниот X-Type. Купувачите што сакаат повеќе простор во кабината ќе мораат да го почекаат компактниот кросовер F-Pace.

Кокпитот оддава солиден впечаток за квалитет и спортско-луксузна нота, особено во „колоритните“ изведби на кабината
Кокпитот оддава солиден впечаток за квалитет и спортско-луксузна нота, особено во „колоритните“ изведби на кабината

Досегашните сопственици на автомобил со знак на Jaguar ќе се чувствуваат пријатно и во позната средина зад воланот. Материјалите во кабината оддаваат впечаток за квалитет, а амбиентот оддава спортска и воедно луксузна нота. Ова чувство се интензивира при изборот на некоја од опционалните бои за кабината, место обичната сиво-црна комбинација. Малечкиот волан со дебел обрач е неизоставен дел од Jaguar, исто како и ротацискиот контролер за автоматскиот менувач. Единственото разочарување следи кога тврдата пластика на страниците на средишната конзола ќе почне да крцка во брзо извозени свијоци. Деловите од облогите во кабината што се надвор од видното поле исто така можело да бидат изработени од поквалитетен материјал. Тоа сепак не смее да се случи кај автомобил што стреми кон премиум сегментот.

Ласерски проекциски дисплеј и стереокамера за 3D приказ

Британската лимузина надоместува за тоа со напредните системи за асистенција, од типот на ласерски проекциски дисплеј или „контрола на прогрес на секаква подлога“, кај моделите со автоматски менувач. Задача на вториов систем е да ја контролира тракцијата на замрзната подлога, без интервенција на возачот, до брзини од 30 километри на час. Импресивно работи и стереокамерата за тридимензионален приказ на подрачјето пред автомобилот.

Просторното чувство на задната клупа не е особено импресивно. Но, сопствениците на Jaguar сигурно нема да се возат назад
Просторното чувство на задната клупа не е особено импресивно. Но, сопствениците на Jaguar сигурно нема да се возат назад

XE поставува високи стандарди и во поглед на мултимедиските системи, користењето на услугите на интернет, како и поврзувањето со преносни уреди што работат на iOS или на Android. За тоа се користи технолошкиот пакет доставен од гигантот Bosch, со богата низа можности. Накусо, сé што умее паметниот телефон, умее и XE, па дури и малку повеќе од тоа.

Досега, XE се држи рамо до рамо со германските конкуренти од премиум сегментот. Но, што му недостига? За тоа најдобро ќе посведочат патниците на задната клупа. Задните врати имаат тесен изрез, а и покривот е доста низок. Но, ниту конкурентите не се многу подобри во просторната понуда. Тоа е данок на „брзата“ линија на каросеријата, со покрив што елегантно се спушта наназад. Од друга страна, тој што се решава за Jaguar, сигурно нема да седи на задната клупа.

Технички податоци Jaguar XE 2.0 Diesel 180 КС Automatic

Должина x ширина x висина (во m): 4,67 x 1,97 x 1,42

Меѓуоскино растојание (m): 2,84

Мотор: R4 дизел, 1999 ccm, турбо, директно впрскување

Моќност: 180 КС при 4000 врт/min

Вртежен момент: 430 Nm од 1750 – 2000 врт/min

Крајна брзина: 228 km/h

0 до 100 km/h: 7,8 s

Просечна потрошувачка: 4,2 литри

Емисија на CO2: 179 g/km (Euro 6)

Празно возило / Носивост: 1565 kg / 545 kg

Багажник 455 литри, со соборена клупа 830 литри

Круг на вртење: 11,7 m

Цена (во Германија): 44 500 евра

Технички податоци Jaguar XE S

Должина x ширина x висина (во m): 4,67 x 1,97 x 1,42

Меѓуоскино растојание (m): 2,84

Мотор: R6 бензински, 2998 ccm, компресор

Моќност 340 КС при 6500 врт/min

Вртежен момент: 450 Nm при 4500 врт/min

Крајна брзина: 250 km/h (ограничена)

0 до 100 km/h: 5,1 ѕ

Просечна потрошувачка: 8,1 литри

Емисија на CO2: 194 g/km (Euro 6)

Празно возило / Носивост: 1655 kg / 445 kg

Багажник 455 литри, со соборена клупа 830 литри

Круг на вртење: 11,7 m

Цена (во Германија): 54 600 евра


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743