за

Jaguar Land Rover со смалена продажба, се укинуваат смени

Land Rover Defender voda
Land Rover Defender voda

Не потраја новото славно поглавје на Jaguar и Land Rover по преоѓањето под индиска сопственост. По драстичниот пад во продажбата, следи отпуштање на 500 работници во фабриката во Хејлвуд.

Само неколку денови откако статистиките за 2019 година покажаа намалување на продажбата на марките Jaguar и Land Rover за близу шест проценти, на 557.706 возила, доаѓа следната лоша вест за британските марки со едни од највредните традиции на сцената.

Како што објави „Guardian“, повикувајќи се на интерни извори, во фабриката во Хејлвуд во близина на Ливерпул се укинува ноќната смена, со што 500 работни места се ставаат под знак на прашање. Во погоните работат околу 4.000 лица, вклучувајќи и неколку стотини наемни работници.

Планот е производството во април да се префрли од шема со три работни смени, на шема со две смени. Ноќното работно време ќе се организира само доколку се појави потреба за тоа. Според британскиот производител, целта е да се зголеми ефикасноста. „Guardian“ сепак наведува дека причина за скусувањето на работните смени е слабата продажба на моделите Range Rover Evoque и Land Rover Discovery Sport, чијашто монтажа се одвива во Хејлвуд.

Дополнителна потешкотија за Jaguar Land Rover е неизвесноста околу Брегзит, како и драстичниот пад во продажбата на возила со дизел мотори во Европа. Истото важи и за слабеењето на кинескиот пазар

Jaguar Land Rover во 2018 година имаше загуба од преку четири милијарди евра. Од таа причина беа воведени мерки за штедење, вклучувајќи и укинување на 4.500 работни места во светски рамки. Планот е до средината на 2020 година да се заштедат близу три милијарди евра. Во исто време се скусува и вложувањето во развојот и вградувањето на електричлен погон.

Пред две години, Jaguar Land Rover затвори 1.000 работни места во фабриката во Солихал. Во Обединетото Кралство, за компанијата работат околу 33.000 лица.

Продажбата на Jaguar во 2019 година се намалила за близу 11 проценти, на 161.601 возила, додека Land Rover продал за 3,8 проценти помалку возила, односно 396.105 возила.

Тест: Jaguar E-Pace D180 AWD Base

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini тестира Mini: Со погон на струја на снег во планина

Mini тестира Mini: Со погон на струја на снег во планина

Hyndai Kona Electric го симна кинескиот електромобил од врвот

Hyundai Kona Electric го симна кинескиот електромобил од врвот