121
19 shares, 121 points

Jaguar и Land Rover со години наназад беа едни од главните ѕвезди на автомобилската сцена, со вртоглаво темпо на пуштање нови модели и со драматични премиери, што водеше кон огромен пораст во продажбата и фантастично полирање на имиџот. Но, продажбата годинава тргна во спротивна насока

Неверојатна пресвртница се случуваше во Jaguar Land Rover, откако индискиот Tata Motors го презеде сопствеништвото над вредното британско наследство на четири тркала во јуни 2008 година, што значи пред точно една деценија. Споени во групација, марката со брзите благороднички автомобили и специјалистот за терен, продаваа нешто повеќе од 250.000 автомобили во 2012 година. Лани, JLR продаде 621.109 возила. Тоа ретко се постигнува во браншата.

Но, годинава се случува негативен тренд во продажбата. Најпрофитабилните, а воедно и најпродавани модели на Jaguar и на Land Rover, бележат силно опаѓање. Во првото тромесечје, продажбата се смалила за 3,8 проценти во споредба со истиот период лани. Само во март, падот изнесува 7,8 проценти.

jaguar land rover stand salon
Порастот од 11 проценти во Кина делумно надоместува за падот од 12 проценти во Европа, без домашниот пазар кадешто Jaguar Land Rover е во минус од преку 20 проценти

Најголем удел во негативниот тренд има токму домашниот пазар. Од јануари до март, продажбата во Велика Британија опаднала за 21%, односно за дури 26% само во третиот месец. На „континентот“, продажбата се намалила за 12 проценти, но затоа делумно надоместува Кина, вториот најголем пазар за групацијата, кадешто е постигнато зголемување за 11 проценти до март.

Според менаџерите, ваквиот тренд произлегува од неизвесната иднина на дизелот, како и од стравувањето од ефектите на Брегзит. Бројките од продажбата на британскиот пазар го потврдуваат тоа. Пред четири години, дизелите учествувале со околу половина во вкупната продажба на нови автомобили во Велика Британија. Во првото тромесечје од годинава, нивниот удел опаднал на само 33 проценти.

Хроничен недостиг од хибриден погон во подостапните моделски серии

Имајќи предвид дека 94% од продажбата на Land Rover отпаѓа на дизел, марката ќе биде силно погодена од тоа што купувачите го губат интересот за овој вид мотори. Додека конкурентските марки надоместуваат преку растот во продажбата на хибридни модели, Land Rover го нуди хибридот повеќе како престиж во само две моделски серии. Jaguar нема ниту еден хибрид, но затоа стартува со електричниот I-Pace.

Range Rover Hybrid polnenje
Хибридниот погон во Range Rover повеќе служи како доказ за владеењето со технологијата, недостигаат модели во подостапните сегменти коишто ќе привлечат купувачи со субвенциите што постојат на речиси сите поголеми пазари во Европа

Двете марки со дијаметрално спротивен карактер, се соочуваат со конкуренти коишто исто така го вратиле некогашниот сјај. Jaguar „губи“ од Alfa Romeo, додека Land Rover е сериозно загрозен од Volvo. Во февруари, на европскиот пазар се продадени околу 2.200 примероци од Alfa Romeo Stelvio, наспроти 1.364 примероци од Jaguar E-Pace.

Alfa Romeo го напаѓа Jaguar, Volvo му ги одзема клиентите на Land Rover

Уште поголема е разликата меѓу Giulia и XE, кадешто се покажува дека купувачите кои бараат динамична алтернатива на германското трио, почесто се решаваат за италијанскиот модел. Кај Land Rover, појавувањето на Volvo XC40 го става во сенка Range Rover Evoque, којшто досега имаше одлични продажби. Вториот дуел во когошто победуваат Швеѓаните е европскиот бестселер Volvo XC60, наспроти Land Rover Discovery Sport.

jaguar land rover scena

Електрификацијата уште не зела поголем замав во Jaguar Land Rover. Хибридна погонска спрега ќе се изведе со трицилиндарската верзија на бензинецот од генерацијата Ingenium, во комбинација со компактен електромотор. Првото вградување на овој погон би можело да се случи во новата генерација на Range Rover Evoque, а потоа и во фејслифтот на Discovery Sport, којшто е планиран за следната година. Jaguar исто така тестира прототипи на XE со трицилиндарски бензинец од 1,5 литар и електромотор.

Во продажбата засега може да брилјира единствено E-Pace, но заработката што тој ја носи е недоволна за една премиум марка да функционира беспрекорно. Од друга страна, електричниот I-Pace ќе предизвика големо внимание на сцената, но тоа нема да донесе ништо повеќе од добар имиџ. Кај Land Rover многу зависи од тоа како пазарот ќе ја прифати новата генерација на Evoque. За достигнување на посакуваната продукција од еден милион примероци на годишно ниво, сепак ќе бидат потребни уште неколку напорни години.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

121
19 shares, 121 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730