за

Кризата во Land Rover се пренесе и во DHL

jaguar land rover fabrika

Почнува распаѓањето на производствениот и добавувачки синџир на Jaguar Land Rover, кој е особено погоден во корона-кризата. Поради слабата продажба и ликвидност на британскиот производител, околу 2.200 вработени во DHL ќе добијат отказ од своите работни места.

Зачестуваат вестите за проблемите во Jaguar Land Rover. На повеќе од 6.000 работни места директно во производството на британската компанија, што ќе бидат укинати поради кризата, сега следат уште илјадници вработени во синџирот од добавувачи.

Германскиот DHL го раскинал договорот со 2.200 вработени, кои биле ангажирани во испораката на компоненти за фабриките на Jaguar Land Rover. Компанијата за логистика DHL, соработува со Jaguar Land Rover подолго од една деценија и одговорна е за снабдување на производствените линии со компоненти од добавувачите на JLR. Овие компоненти се испорачуваат во фабриките во Касл Бромвич, Елсмер Порт и Мидпоинт. DHL исто така е ангажиран за превоз на произведените автомобили.

Делумно предизвикано од кризата, а во голем дел и од проблемите во самата компанија, Jaguar Land Rover ќе ги раскине договорите со близу 40 проценти од својата работна сила. DHL посочува дека овие 2.200 лица нема да останат без работен ангажман, затоа што ќе организира нивно префрлување на другите локации во сопствениот синџир во земјата.

Land Rover останува „англискиот пациент“, иднината е неизвесна

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
BMW обезбеди кобалт вреден 100 милиони евра од Мароко

BMW набави кобалт вреден 100 милиони евра од Мароко

Volkswagen донира милион долари во пошумувањето на Австралија

Volkswagen донира милион долари во пошумувањето на Австралија