за

Поранешен директор на BMW ќе го спасува Jaguar Land Rover

jaguar land rover pameten paricnik

Индиските сопственици бараат нов извршен директор за Jaguar Land Rover. Избрани се неколку кандидати што влегуваат во најтесен избор, во почетокот на следната недела ќе се знае исходот. Клаус Фролих, поранешен директор во BMW, има големи шанси да го презеде шефовското место во британската компанија што е во длабока криза.

Tata Motors, индискиот сопственик на проблематичната Jaguar Land Rover, се непосредно пред избор на нов извршен директор на британската компанија. Решението за замената на Ралф Шпет, кој цела деценија го водеше JLR, се очекува нјадоцна пред крајот на месецот, а можно е исходот да биде познат уште во следната недела.

Единствен кандидат од редовите на компанијата е Ник Роџерс, а меѓу фаворитите се поранешниот директор на BMW, Клаус Фролих, поранешниот шеф на Audi, Брам Шот и Фред Шулце, главен во производството на СУВ-модели во Инголштат. Индиската Tata Motors уште во јануари состави одбор што ќе го избира новиот шеф на компанијата во Велика Британија.

Jaguar Land Rover уште пред корона-кризата се соочуваше со слаба продажба и ниска профитабилност

Наследникот на Ралф Шпет ќе има голем предизвик со JLR, кој годишно произведува 500.000 автомобили, во бранша кадешто само водечките три премиум марки имаат продукција од по близу два милиони возила.

Клаус Фролих го напушти гигантот од Минхен во минатиот месец, откако за него очекуваната позиција на извршен директор на BMW му припадна на Оливер Ципсе, претходно директор на производство во баварската компанија.

Land Rover останува „англискиот пациент“, иднината е неизвесна

Како Range Rover Velar стана најомразенот автомобил во Британија?
Како Range Rover Velar стана најомразенот автомобил во Британија?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

плантажа палми палмино масло биодизел

ЕУ лани согорила 4,5 милиони тони палмино масло како биодизел

BMW обезбеди кобалт вреден 100 милиони евра од Мароко

BMW набави кобалт вреден 100 милиони евра од Мароко