за

Jaguar Land Rover стана најголем производител на автомобили во Британија

Групацијата Jaguar Land Rover го презеде првото место од долгогодишниот лидер Nissan, како најголем производител на автомобили во Велика Британија.

Првпат во историјата Jaguar и Land Rover се најдоа на лидерското место меѓу најголемите производители на автомобили во островската земја. Групацијата којашто постигнува рекордна експанзија по преземањето од страна на индискиот Tata Motors, лани произвела 489.923 возила или за 13.334 возила повеќе од досегашниот лидер Nissan. Јапонската марка одомаќена со производство во Британија веќе 30 години, сепак ја поседува најголемата фабрика во земјата.

Рапидниот раст на Jaguar Land Rover следува откако по преземањето во 2009 година, индискиот Tata Motors вложи 11 милијарди фунти во британската компанија. Оттогаш, производството се зголеми трипати, од 158.000 на сегашните близу половина милион возила, а двојно се зголеми и работната сила, која моментно брои 35.000 лица. Во минатата и во оваа година, во производствените погони на групацијата во Британија ќе бидат вложени дополнителни 3 милијарди фунти.

Honda забележа незначителен пад и произведе вкупно 119.414 возила. Јапонската марка во фабриката во Свиндон ги произведува моделите CR-V, Civic и Jazz. Марката Mini имаше најголем пораст во производството лани, со 201.207 возила или за 12,4 проценти повеќе отколку преклани. Од останатите марки, Vauxhall произведе 85.241 возило (+9,5%), додека Toyota постигна продукција од 190.161 (+10,4%) возило во погоните во Британија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Легендарниот Renault 5 Alpine ќе вози на историското рели Монте Карло

Роботи самостојно ќе ги крпат дупките во асфалтот