118
31 shares, 118 points

Првиот Jaguar со погон на струја веќе може да се нарача во Британија. Светот ќе ја види сериската верзија на Jaguar i-Pace за првпат на салонот во Женева, кој започнува неделава. Производството е во Австрија, цената е иста како за силен теренец со обичен погон.

Првиот електричен автомобил на Jaguar ќе ја доживее својата светска премиера за неколку денови во Женева. Jaguar i-Pace е спортски теренец со средна големина и со едно полнење на батериите може да измине до 480 километри. Техниката е комплетно нова, производството ќе се одвива во фабриката на Magna Steyr во Австрија.

Jaguar i-Pace premiera 1

Покрај тоа што вози на струја, i-Pace изгледа мошне привлечно. Спојот од каросерија на спортски теренец, мошне куса хауба и широк опаш му дава стилска препознатливост на електричниот Jaguar. Покрај него, Tesla X-Model изгледа привлечно како истрошен сапун. Многу се внимавало и на отпорот на воздух, па така има ламели во носот коишто се отвораат само по потреба, а задното стакло е заоблено како капка.

Меѓуоскино растојание од три метри како во луксузен крстосувач

Предноста на електричниот погон се огледува и во пропорциите на кабината. Иако Jaguar i-Pace е долг само 4,68 метри, меѓуоскиното растојание изнесува дури 3 метри. Тоа овозможува многу простор за патниците, но и за багажот. Зад задниот капак собира 656 литри багаж, односно близу 1,5 метар кубен кога ќе се собори клупата. Напред има уште еден багажник, со мини зафатнина од триесетина литри.

Заедно со електричниот теренец во Jaguar пристига и нов инфо-забавен систем Touch Pro Duo. Со системот се ракува на повеќе начини, односно преку дисплеи, сензори и прекинувачи. Навигацијата го следи личниот стил на возачот и соодетно го пресметува досегот на батеријата. Програмите за возење и кабината се приспособуваат автоматски според личниот избор на возачот. Возачот може преку Amazon Alexa да ја дознае моментната наполнетост на батеријата. Обновувањето на софтверот исто така се врши целосно автоматски.

Jaguar i-Pace premiera 6

Погонот е задача на двата електромотора со моќност од по 200 КС и заеднички вртежен момент од 696 њутнметри, едниот за предната, вториот за задната оска. Литиум-јонската батерија со капацитет од 90 киловатчасови е поставена во алуминиумско куќиште и вградена е ниско во подот, како составен дел од каросериската структура на возилото.

Полнењето гориво е минато за сопствениците на i-Pace. Откако батеријата ќе се наполни преку ноќ, тие секое утро се будат со ’полн резервоар гориво‘Јан Хобан, координатор за i-Pace

Батеријата се состои од модерни ќелии со фолија и испорачува енергија за 480 километри. При користење ултрабрз полнач, батеријата се полни до 80% за околу 40 минути, додека на обичните полначи за струја се потребни околу десетина часови. Со погон на сите тркала, ниско тежиште и распределба на тежината во сооднос 50:50, Jaguar i-Pace спринтува до сто за само 4,8 секунди.

Jaguar i-Pace tehnika 6

Продажбата на поголемите пазари во Европа ќе стартува налето. Британците веќе можат да го нарачаат Jaguar i-Pace, по цена од 63.495 фунти, односно околу 71.000 евра за основниот модел – не вклучувајќи ги субвенциите во одделните држави. Производителот одобрува гаранција за батеријата во траење од осум години или 160.000 километри и тригодишна гаранција за целото возило.

Технички податоци · Jaguar i-Pace EV400

Електромотори Два електромотора со постојан магнет, синхронизирани, едностепена епициклична трансмисија, концентрична со електромоторот, системска моќност 400 КС, системски вртежен момент 696 Nm Погон Мотор и трансмисија интегрирани во предната и задната оска, електричен погон на сите тркала Батерија 90 kWh, литиум-јон, водено ладење, 432 ќелии (36 модули), полнење 100% на AC 7kW 12,9h, полнење 80% на DC 100 kW 40 min Подвозје По две триаголни водилки напред, интегрална оска назад, сопирачки дискови напред 350 mm, назад 325 mm, суспензија пневматска (опција) или со спирални пружини, амортизери континуирано варијабилни или пасивни, управување електромеханичко со запчеста летва Димензии 4682 х 1895 х 1565 mm, меѓуоскино растојание 2990 mm, трага напред 1624, назад 1647 mm, тежина (EU) 2208 kg, (DIN) 2133 kg, багажник назад 656 L, напред 27 L Перформанси 0-100 km/h за 4,8 s, крајна брзина 200 km/h, досег 480 km

Jaguar I-Pace премиера

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Цена во Велика Британија 63.495 фунти (без субвенции)

Jaguar I-Pace е за еден Golf поевтин од Tesla Model X

Jaguar I-Pace е најспектакуларниот концепт на Британците – и вози на струја

Овие автомобилски новитети ни пристигаат во 2018 година


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

118
31 shares, 118 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730