115
33 shares, 115 points

Победник на изборот на автомобил за 2019 година е Jaguar I-Pace. Жирито на изборот го сочинуваат 60 автомобилски новинари од 23 европски држави. Досега не се случило толку мали разлики да решаваат околу резултатите од изборот. За победникот првпат одлучуваше збирот од гласовите на жирито, бидејќи редовното гласање не даде еднозначен победник. Гласовите на жирито се доделуваа попладнево на салонот во Женева, пред медиумски претставници од цел свет.

Електричниот кросовер Jaguar I-Pace ги убеди членовите на жирито по интензивните тест-возења и победи во финалето против шесте конкуренти, со 250 бодови (18 гласови на жирито). На второто место, исто така со 250 бодови, се наоѓа Alpine A110 (16 гласови на жирито). Од третото до седмото место се пласираа:

3-то место: Kia Ceed (247 бодови)

4-то место: Ford Focus (235 бодови)

5-то место: Citroën C5 Aircross (210 бодови)

6-то место Peugeot 508 (192 бодови) и

7-мо место: Mercedes-Benz A-Class (116 бодови).

Покрај иновативноста и безбедноста, за титулата решаваат и дизајнот, како и противвредноста.

Меѓународната награда „Car of the Year“ важи за најреномирана и најценета автомобилска награда во светот. Жирито моментно го сочинуваат 60 новинари од 23 европски држави. Изборот се одржува уште од 1964 година. Европски магазини од седум држави го организираат изборот: Stern (Германија), L’Automobile (Франција), Autocar (В. Британија), Autovisie (Холандија), Auto (Италија), Vi Bilägare (Шведска) и Autopista (Шпанија).

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ford Focus е автомобил на годината во Хрватска

Kia Stinger е автомобил на годината во Канада

Десет модели во финале за светски автомобил на 2019 година

Kia e-Niro е автомобил на годината според британскиот What Car

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

115
33 shares, 115 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *