126
20 shares, 126 points

Jaguar I-Pace ги претрка сите премиум марки од континентот. Електричниот теренец пристига веќе в година, изгледа одлично и во идеални услови вози до 500 километри со едно полнење.

Ова сценарио беше незамисливо до пред само неколку години: Jaguar, британската спортска икона со продорен звук произведен од многуцилиндарски оркестар, сега настапува на пазарот со речиси нечуен модел со електричен погон. Додека Audi, Mercedes или BMW уште ги подготвуваат своите електромобили, Британците уште в година ќе стартуваат со нивниот модел за електрично-динамичен превоз.

Jaguar го започна развојот на I-Pace буквално од празен лист хартија. Уште откако беа готови првите конструкциски цртежи, на техничарите им беше јасно дека електричниот погон не може да се примени кај некој од постоечките модели. За погонот на струја мораше да се развива комплетно нов модел. На крајот се покажа дека ваквиот пристап е дури и поевтин, затоа што не мора да се прават компромиси како при модифицирање на постоечки модел.

Jaguar I-Pace Concept 10

Во моментот кога инженерите на Jaguar го започнуваа развојот на I-Pace, на пазарот уште не постоеше толку голем интерес на пазарот за електрични автомобили како денес. Во меѓувреме, некои марки развија цела гама од електрични модели, Tesla на пример. Jaguar I-Pace во моментов е во последната фаза од развојот, пред да започне производството во фабриката на Magna во Австрија. Продажбата ќе стартува во првата половина од 2018 година. Изгледот на серискиот модел воопшто нема да отстапува од концептниот автомобил.

Според дизајнерите на Jaguar, стилот на I-Pace e изведен од C-X75

Под каросеријата на спортскиот теренец долг 4,68 метри работат два електромотора со моќност од по 200 КС, коишто произведуваат заеднички вртежен момент од 700 њутнметри. Како погонски единици се избрани синхрони електромотори со перманентни магнети, поради нивната исклучителна компактност. Батериите се вградени во подот меѓу двете оски.

Jaguar I-Pace Concept 01

Возните својства профитираат од фактот што тежиштето на Jaguar I-Pace е за 100 милиметри пониско во споредба со F-Pace. Во развојот на I-Pace првично беше организиран тим од 30 врвни специјалисти, којшто во меѓувреме достигна 150 лица.

Батериите пристигаат од корејскиот специјалист LG

Литиум-јонските батерии се сопствена конструкција на Jaguar и ќе се произведуваат кај корејскиот специјалист LG. Енергијата се акумулира во 36 модули со водено ладење и со капацитет од 90 киловатчасови. Во секој модул се наоѓаат таканаречени портмоне-ќелии со катодна комбинација од никел, кобалт и манган. Овие ќелии исто така се проектирани од специјалистите на Jaguar и меѓу другото се одликуваат со висока енергетска густина, одлична топлинска спроводливост и компактни димензии.

Jaguar I-Pace Concept 02

За климатските услови да не влијаат врз батериите, инсталиран е двоен систем за ладење. Во системот дополнително спаѓа и топлинска пумпа, којашто топлината од батериите ја користи за загревање на кабината. Покрај тоа, според инженерите на Jaguar, топлинската пумпа го продолжува досегот за 50 километри. Батеријата е предвидена за приклучување на полначи со моќност до 120 киловати. Полнењето до 80% од капацитетот на батеријата трае час и половина. При деклариран максимален досег од 500 километри според циклусот NEDC, тоа значи дека батериите по 90 минути се подготвени да испорачаат енергија за следните 400 километри. Големо олеснување за погонот доаѓа и од врвната аеродинамичност на каросеријата. Ова сепак се лабораториски вредности коишто се далеку од реалните работни услови за батеријата, но и тристотини километри „јагуарско“ возење би биле сосема прифатлива вредност.

Спринтот до сто трае околу четири секунди

Благодарение на вртежниот момент од 700 њутнметри, I-Pace забрзува од место до темпо 100 за околу четири секунди. Британците уште не ја откриваат крајната брзина, но убедуваат дека „возењето на I-Pace ќе биде како со вистински Jaguar“ и дека во поглед на динамиката „нема разлика меѓу моделите со обичен мотор и со електричен погон“.

Jaguar I-Pace Concept 22

Иако каросеријата е долга 4,68 метри, компактната конструкција на електричниот погон овозможува да се постигне меѓуоскино растојание од три метри. Тоа, пак, резултира со кабина чијашто просторна понуда не се разликува од Range Rover. Во средината на следната декада, менаџерите очекуваат дека секој четврти автомобил на Jaguar продаден на европскиот пазар ќе користи електричен погон.

Теренецот I-Pace е дел од стратегијата за електрификација на погонската спрега. До 2020 година, половината од моделските серии на Jaguar ќе бидат достапни со чисто електричен или плагин-хибриден погон. За I-Pace досега се имаат пријавено над 10.000 заинтересирани купувачи. Производството во Magna е флексибилно и овозможува брзо приспособување според побарувачката на пазарот. За цената се шпекулира со вредности од околу 80.000 евра. Тоа значи дека спортско-електричниот Jaguar ќе биде за 15.000 евра или за еден Golf поевтин од конкурентскиот Tesla Model X.


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Jaguar I-Pace

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

126
20 shares, 126 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743