за ,

Jaguar E-Type избран за најдобар британски автомобил на сите времиња

По шестмесечно глобално гласање, Jaguar E-Type е избран за најдобар британски автомобил во историјата, во конкуренција на Mini Cooper S, McLaren F1, Bentley Speed Six и Lotus Seven.

Чекањето конечно заврши и прашањето на секој автомобилски ентузијаст доби одговор: Најдобриот британски автомобил на сите времиња е Jaguar E-Type. Светското гласање за десетте избрани британски икони во финалето траеше шест месеци. Организатор беше Classic & Sports Car, најтиражниот магазин за олдтајмери во светот, а резултатот беше објавен пред почетокот на традиционалниот „уличен“ саем на автомобили во Лондон, на посебна манифестација во Александра Палас.

Норман Дејвис со експресно возење и голема неизвсност во мартовското време го извозе автомобилот од Ковентри до Женева, за светската премиера на E-Type во 1961 година
Норман Дејвис со експресно возење и голема неизвсност во мартовското време го извозе автомобилот од Ковентри до Женева, за светската премиера на E-Type во 1961 година

Почесниот гостин Ант Анстед, кој е дел од тимот на „Building Cars Live“ на BBC, го симна превезот од најстариот примерок на E-Type, односно точно автомобилот кој Норман Дејвис го возеше од Ковентри на неговата светска премиера на салонот во Женева во март 1961 година. Долгогодишниот сопственик на легендарниот „77 RW“, Мајкл Килгенон, во 2000-та година трајно го отстапи автомобилот на музејот на Jaguar Daimler, за истиот подоцна да биде целосно реставриран.

Десет икони на британската автоиндустрија беа избрани за финалното гласање

Гласањето го иницираше магазинот Classic & Sports Car, откако над 100 автомобилски експерти ги избраа десетте историски автомобили за финалето. Ова се десетте избрани автомобили: Austin Seven, McLaren F1, Range Rover, Lotus Seven, Jaguar XKSS, Rolls-Royce Silver Ghost, Ford GT40, Mini Cooper S, Bentley Speed Six и Jaguar E-type.

Секако дека култниот модел на марката со дивата мачка уште од почетокот беше меѓу фаворитите. Тој не само што беше ценет како најбрз и најубав автомобил во своето време, туку и чинеше двојно помалку од моделите што ги оставаше зад себе. Jaguar произведе сензационални 75.000 примероци од автомобилот што ќе остане трајно запишан во историјата.

jaguar e-type izbor

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гркот Варуфакис тврди: „ЕУ е одговорна за скандалот со дизелите во Volkswagen“

Истражување во Холандија: Возачите на Honda и Mercedes со најмногу незгоди