за

Jaguar работи на нова генерација шестцилиндарски мотори

Актуелните шестцилиндарски мотори од Ford во моделите на Јaguar наскоро ќе бидат заменети со нови мотори од генерацијата Ingenium. Според вообичаената практика, повеќето делови се заеднички со четирицилиндарците.

Британската марка со дивата мачка развива нова генерација мотори со шест цилиндри во линија, во замена за актуелните мотори V6 кои потекнуваат од Ford, како остаток од времето кога Jaguar уште се наоѓаше во сопственост на големиот концерн. Новите шестцилиндарци ќе се одликуват со висока ефикасност, но ќе бидат и поевтини за производство, затоа што поголемиот дел од компонентите ќе потекнуваат од четирицилиндарците од фамилијата Ingenium, од сопствениот развој на Jaguar Land Rover.

Новите бензински и дизел мотори со шест цилиндри ќе имаат работна зафатнина од три литри, односно во пречникот и одот на цилиндрите ќе бидат идентични со сопствените четирицилиндарски мотори, а ќе се разликуваат единствено по бројот на цилиндрите, не вклучувајќи ги специфичните компоненти.

Волшебната формула гласи половина литар по цилиндар

Повеќето производители во моментов се ориентираат според оптималната работна зафатнина од 0,5 литар по цилиндар, со којашто според последните искуства на техничарите и во согласност со постоечката моторна технологија се постигнува најголема ефикасност во поглед на искористувањето на горивото при оптимални перформанси. Според овој модуларен принцип на „додавање и одземање цилиндри“, во иднина ќе се развива и верзија со три цилиндри и работна зафатнина од 1,5 литар, којашто понатаму би се користела за електрификација на погонската спрега, односно за проширување на понудата од модели со хибриден погон.

Mercedes и BMW исто така го користат овој модуларен принцип, со заеднички компоненти за сите варијанти на мотори, првенствено заради намалување на трошоците за развој и производство.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Врвни менаџери на BMW заминуваат во кинескиот Future Mobility

Последниот 275 GTS ќе биде најскап Ferrari на продажба годинава