за

Британци заработуваат од изнајмување на домашниот паркинг

изнајмување паркинг лондон
изнајмување паркинг лондон

Голем број Британци се надеваат на повраток на дел од трошоците за време на празниците, преку изнајмување на приодот за возило до своите домови. Станува збор за одлично организирана и честа практика на „островот“, од којашто годишно може да се заработат и повеќе од 1.000 фунти.

По собирањето на трошоците за време на католичкиот Божик, Британците имаат можност да ги ублажат последиците од новогодишниот блуз, преку изнајмување на пристапот за возило до домот. Тоа го практикуваат повеќе илјади семејства кои живеат во индивидуални куќи, заработувајќи во просек повеќе од 1.000 фунти годишно.

Статистиката покажува дека Британците за празниците трошат меѓу 500 и 700 фунти по човек, за подароци, украси, храна, забава и слично. Тоа значи дека поголемиот дел од овие трошоци може да се покрие преку изнајмувањето на место за паркирање, за само еден месец.

Податоците што ги објавува специјализираниот портал YourParkingSpace.co.uk, преку кого што се одвива целата организација на оваа практика, мешу другото позната и во некои скопски маала, откриваат дека домаќинствата ширум земјата заедно заработуваат повеќе од 65.000 фунти од изнајмување на празниот простор со којшто располагаат.

Повеќе од 250.000 приватни простори за паркирање им стојат на располагање на Британицте преку платформата YourParkingSpace

Според порталот, секој месец се регистираат околу 6.500 нови пристапи за возило и празни места за паркирање. Вкупниот промет што е регистриран преку YourParkingSpace.co.uk лани изнесува 24 милиони фунти, што е за 60% повеќе отколку во 2018 година.

Британците, логично, изнајмуваат паркинг најчесто во прометните градски подрачја, во близина на спортски стадиони и концертни сали, како и покрај железнички станици или аеродроми.

На платформата TrustPilot, сервисот за изнајмување преку порталот има постигнато оцена 4,7 од можни пет, врз основа на искуството на повеќе од 36.000 корисници, што укажува на големата доверба.

https://www.instagram.com/p/Bu8hh3ZgOgQ/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јан Копецки Skoda совети зимско возење

Јан Копецки: Шампионски совети за возење во зимски услови

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднинатаПлетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината