за

Европа бара начини да спречи враќање на километражата

измама со враќање на километражата

Враќањето на километражата е речиси рутинска постапка кога се бара нов сопственик на автомобилот. Некои држави во ЕУ успешно ја спречуваат оваа измама, но сé уште е голем бројот на возила на коишто се заработува екстра поради намалената километража. Само нашите возачи во последниве десет години им имаат „донирано“ барем неколку милиони евра на трговците во странство

Парламентот на ЕУ започнува борба против лажираните километражи кај користените автомобили низ цела Европа. Идејата е километражата на автомобилот да се впише во посебна база на податоци при секоја посета на сервисна работилница. На тој начин ќе се забележат нерегуларностите. Секоја држава ќе има пристап до базите на податоци. Се предвидува и постапка против казнено дело измама во сите членки на ЕУ.

Белгија и Холандија успешно се справуваат со лажирањето на километражите

Екстра заработката е главната причина зошто трговците со користени автомобили, но и приватните продавачи се решаваат возилото да прикаже помала километража од вистинската. Повеќето заинтересирани купувачи навистина би се преплашиле кога би ја знаеле вистинската километража.

Од друга страна, за реална проценка на состојбата на возилото е потребно техничко знаење и многу искуство. Светнатиот лак не е знак дека автомобилот е во добра состојба. Купувачите мора да се заштитат.

Купувачите на користени автомобили секоја година се измамени за пет до десет милијарди евра со враќањето на километражата

Според процените на ЕУ, една третина до 40 проценти од користените автомобили што ги напуштаат границите на Унијата, имаат вратена километража. Исмаил Ертуг, портпарол за сообраќајна политика на европските социјалдемократи, цени дека купувачите на користени автомобили секоја година секоја година преплатуваат меѓу 5,5 и 9,6 милијарди евра, поради лажната вредност на километражата, односно поради повисоката цена на автомобилот од реалната.

Белгија и Холандија се на добар пат да го надминат овој сериозен проблем. Во двете држави редовно се отчитуваат и впишуваат состојбите на километражите. Измамите се откриваат брзо. За само две години, уделот на автомобили со лажирана километража со Белгија се смалил од 8,6 проценти на 0,2 процент. Тоа го покажа студијата изработена за Комисијата за сообраќај на ЕУ. Откако двете земји меѓусебно ги споредуваат вредностите, измамите се уште поретки.

Производителите не сакаат да ја спречат измамата, тие би ги оставиле возилата вечно

Во Македонија не постои систем за спречување на измамата и контрола на состојбата на километражата, иако само во последниве десет години во државата се увезени 254.840 користени возила според официјални податоци. Доколку секое од тие возила било платено 500 евра повеќе од реалната вредност, тоа значи дека македонските возачи за овие десет години буквално им донирале 127,4 милиони евра на трговците со автомобили во странство. Тоа е „најлошото“ сценарио, но дури и половината или четвртината од оваа вредност веќе треба да е причина за освестување.

За реалната километража да се дознае во сервис, треба да се плати екстра за дијагностиката и за трудот. Но, зошто производителите на автомобили не вградуваат поефикасна заштита на километражата? Не станува збор за техника којашто би ги поскапела автомобилите, туку едноставно се штити сопствениот бизнис. Сопственикот на автомобил што има „само“ 200.000 километри и натаму ќе вложува во резервни делови, иако автомобилот веројатно има поминато трипати повеќе километри. Старите автомобили им носат пари на производителите. Во сервисните работилници.

ЕУ сепак нема да ги поштеди производителите на автомобили од одговорност и од екстра труд. Комисијата на ЕУ во иднина ќе проверува дали концерните доволно ги заштитуваат своите автомобили од измами со километражата. Соодветна правна рамка се очекува да се донесе за период од една година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fiat нови модели 2022 година

За четири години 19 комплетно нови модели од Fiat Chrysler

bmw 530e индуктивно полнење

BMW прв понуди индуктивно полнење за своите хибриди