за

Лондонци со ќар над 2.000 фунти годишно од изнајмување паркинг

Издавање паркинг Англија
Издавање паркинг Англија

Во Британија постои посебен интернет-портал, преку кого сопствениците на куќи со дворови или некакво празно место го нудат просторот за паркирање. Заработката во Лондон е највисока и надминува 2.200 фунти

Празните површини пред домовите, гаражите и обезбедените паркинг-места во најголемите британски градови им носат на сопствениците годишна заработка од најмалку 1.000 до повеќе од 2.200 фунти. Сопствениците ги нудат овие површини како простор за паркирање преку посебно организирана веб-страница YourParkingSpace.co.uk, којашто вклучува информации за повеќе од 50 градови на целата територија на земјата.

Според просечната заработка од изнајмување на сопствениот простор за паркирање, прв е Лондон со 2.254 фунти годишно, пред Брајтон, Лидс, Бристол и Оксфорд, сите со над 1.600 фунти годишно.

Во одредени случаи, цената за користење паркинг преку огласувачите на YourParkingSpace е до 70% пониска отколку на обичните паркиралишта

Најмногу се бараат пристапните патеки и празните простори кои се во близина на локалните знаменитости, железничките станици, концерните хали, стадионите и аеродромите. Повеќе илјади домаќинства ширум Британија моментно ја користат дополнителната заработка што им ја овозможува огласувањето преку веб-страницата.

Дури и во помалите градови во провинцијата се заработуваат повеќе од 700 фунти во годината, обично од туристи. Огласувањето е бесплатно. Компанијата е основана во 2013 година и бележи постојан напредок. Неодамна почна соработката и со најголемите хотелски синџири во земјата, како Apcoa, Hilton или Novotel. Платформата за огласување моментно брои повеќе од 45.000 паркинг простори во земјата.

Mercedes развива паркирање без возач за Кинезите

Хотели во Британија заработуваат од изнајмување слободен паркинг

350.000 фунти за место за паркирање во Лондон

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes часовници

Часовници на Мercedes: Кога ѕвездата ја носиш на рака

toyota c-hr germanija

Toyota C-HR е најпродаван хибрид во Германија