153
20 shares, 153 points

Читатели на германските специјализирани магазини од транспортната бранша гласаа за најдобар камион, најдобар ван и најдобар автобус во конкуренција на 228 моделски серии и 16 категории.

Гласовите на 8.415 читатели на познатите германски магазини од транспортната бранша, „lastauto omnibus“, „trans aktuell“, „Fernfahrer“ и „eurotransport.de“ решаваа кои модели и марки ќе победат во својата категорија во рамките на годинешните ETM Awards.

Севкупен победник меѓу пикапите е Ford Ranger, додека првото место меѓу увозните модели припадна на Toyota Hilux. Победата меѓу доставните возила и транспортерите со дозволена тежина до 2,8 тони ја понесе Volkswagen, со Caddy и со Transporter. Во конкуренција на увозните модели, во овие две категории победија Toyota ProAce и Renault Trafic.

ford ranger raptor

Кај транспортерите во класата до 3,5 тони и над 3,5 тони, суверен е Mercedes-Benz Sprinter. Најдобри увозни модели во овие класи се Fiat Ducato и Iveco Daily.

Награди веќе добиваат и електричните транспортери, тоа се MAN e-TGE и Iveco Daily Electric. Најдобри камиони за дистрибуција во класата до 18 тони се Mercedes-Benz Atego и Volvo FL. Во класата над 18 тони најубедливи беа MAN TGS и Volvo FM.

Mercedes-Benz Actros и Arocs се победници меѓу камионите за долги релации и киперите до 32 тони. Од увозните модели, во двете класи победи Scania P/G/R/(S). Најдобри камиони со погон на струја се Mercedes-Benz e-Actros и Volvo FL Electric.

Меѓу автобусите, најмногу гласови освоија: Mercedes-Benz Sprinter Minibus и Iveco Daily Tourys (миди-автобуси), MAN Lion’s City и Volvo 7900 H (градски автобуси), Mercedes-Benz Citaro LE и Volvo 8900 (туристички автобуси), како и MAN Lion‘s Coach и Volvo 9900 (туристички автобуси со повишена платформа). Mercedes-Benz e-Citaro и Volvo 7900 се победници меѓу електричните автобуси.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *