152
71 shares, 152 points

Убедувањата отсекогаш се уривале потешко од техничките предизвици. Како воопшто е можно да се заштеди со избор на бензински мотор, кога дизелот е тој што троши помалку? Тоа е вистина, меѓутоа дали пониската потрошувачка и натаму ја оправдува повисоката цена. Темелна споредба на Аутомедиа.

Денес светот се гледа „надвор од кутијата“, а тоа не значи друго, освен уривање на предрасудите. Секој има можност да истражи, да провери, да се консултира со пријатели или познавачи на одредена проблематика. За тоа не е потребно повеќе од повлекување со палецот по дисплејот на телефонот.

Откако онаа политичка елита којашто никогаш не се појавува на вестите, одлучи да ја прекине комоцијата на производителите на автомобили, изведувајќи прецизни напади врз моќниците во браншата, работите на светската автомобилска сцена „по малку“ се сменија. Една од промените беше ослабнувањето на позицијата на дизел моторите.

Прашањето бензин или дизел не постоеше во времето кога се создаваа автомобилските легенди

New photo by Automedia MK / Google Photos

Неоспорно е дека дизелот ќе фигурира во понудата на производителите на автомобили и во следните две или три децении, иако на медиумската сцена и натаму ќе се појавуваат (и препишуваат) наслови, во коишто сé појасно ќе се препознава политичката конотација, односно обидите за заштита на производството на дизел мотори.

Учеството на дизелот во продажбата во Европа се намалило од 44% во 2017 година на само 36 проценти лани

Според свежо објавените статистики, лани уделот на возилата со дизел мотор во вкупната продажба на автомобили на европскиот пазар изнесувала само 36 проценти. Тоа е драстичен пад за само една година, затоа што во 2017, уделот на дизелот изнесувал дури 44 проценти. Бензинците во меѓувреме „пораснале“, од 50 проценти во 2017 година, на 57% лани. Растат и автомобилите со плагин хибриден погон (+22%), но вистински продажен бум се случува кај електричните автомобили, со раст од 47 проценти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сето тоа води кон прашањето, дали изборот на модел со дизел мотор можеби станува резултат на предубедувања. Тоа не е неважно прашање, затоа што доколку бензинската опција одговара, значи дека ќе се заштедат неколку илјади евра при купувањето автомобил.

Во редакцијата на Аутомедиа избравме по пет моделски парови со бензински и со дизел мотор, во три различни класи. Во секоја класа избравме и по некој модел од СУВ-сегментот, во духот со времето. Соочуваме две изведби на еден ист модел, со бензински мотор и со дизел мотор, со споредливи перформанси. Колку се доплаќа за дизел? По колку километри почнува да се исплатува доплатата за дизел модел, имајќи предвид дека денешните бензински и дизел мотори се речиси изедначени во потрошувачката на гориво – откако и првиве добија турбонатполнење, директно впрскување под висок притисок, програмирана работа на помошните агрегати, искористување на енергијата при сопирање?

При избор на нов телефон обично се проверуваат сите можни веб-адреси, мислења, оцени, а кога се избира нов автомобил, воопшто нема двоумење околу дизелот под хаубата?

Промените честопати се избегнуваат заради комоција, работите едноставно се прифаќаат какви што се. Но, таквиот пристап никогаш не водел кон напредок. Наскоро започнува третата декада од новиот милениум, временската одредница на многубројни филмови од научната фантастика пред завршетокот на минатиот век. Во автомобилскиот свет, меѓутоа, уште се размислува дали подобар избор е бензин или дизел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во некои класи возила, тоа прашање повеќе не се поставува. Додека во претходната генерација уште постоеше таква опција, дизелот денес е непознаница за автомобилите во класата на Volkswagen Up, Toyota Aygo, Renault Twingo, Fiat Panda. Некои производители целосно се откажаа од дизелот и се потпираат на таканаречениот благ хибрид. Тоа е реалност во Suzuki, реалност каква што никому не пречи, напротив. Повеќе производители најавија ист чекор.

Дизелот заминува и од врвните ценовни сегменти, кадешто за возачите ќе бидат сé поинтересни опциите на целосен погон на струја или плагин-хибриден погон. Примери? Audi e-tron, Tesla Model 3/S/X, Jaguar I-Pace, Mercedes EQC, Polestar 1, исто како и Mercedes S 560 e или BMW 745e. Таму, сепак, владеат посебни правила и не е тајна дека погонот на струја честопати се избира само поради престиж, каприц. Тоа што нас нé интересира се Golf, Fiesta или Dacia, автомобилите кои се дел од уличното секојдневие.

Градски автомобили · Dacia Sandero 1.0 SCe 75 против Sandero 1.5 Blue dCi 75

Тука е најчувствително прашањето за бензин или дизел, затоа што доплата од две илјади евра многу повеќе ја менува цената на возило што чини 10.000 евра, отколку кај возило што чини петпати повеќе. Доплатата за дизел достига и до 20 % од цената на бензинската варијанта на моделот. Во меѓувреме, и тука се случуваат „откажувања“ од дизелот. Skoda Fabia по моделското освежување повеќе не се нуди со дизел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како пример во оваа класа послужи Dacia Sandero. Бензинската варијанта поседува релативно свеж трицилиндарски мотор со работна зафатнина од еден литар и моќност од 75 КС. Највисокиот вртежен момент изнесува 97 Nm при 3500/min. Крајната брзина е 158 km/h, класичното забрзување трае 14,2 секунди. Според фабрика, потрошувачката во град изнесува 6,0 литри.

За споредба, дизелската варијанта располага со зафатнина од 1,5 литри, при иста моќност, но при повеќе од двојно повисок вртежен момент, со 200 Nm почнувајќи од 1.750 вртежи. Крајната брзина изнесува 164 km/h, спринтот трае 14,6 секунди.

Градската потрошувачка (според NEDC, новата норма WLTP се објавува ретко) изнесува 4,1 литри дизел на сто километри. Тука добро се забележува и дополнителната тежина. Моделот со дизел мотор е за дури 115 килограми потежок од бензинецот. Секако дека тоа значи и сосем различно чувство зад воланот.

Dacia Sandero 1.0 SCe 75 Essential, цена 9550 евра
Dacia Sandero 1.5 Blue dCi 75 Essential, цена 11700 евра

Разлика во цена 2150 евра

⇒ Дизелот се исплатува по околу 120.000 километри

Тоа е резулатот од конкретната пресметка, користејќи ги фабричките вредности на потрошувачката (во град), кои секако дека отстапуваат од реалноста, но од соодносот меѓу потрошувачката на двата модела сепак се добива вредност што може да биде меродавна. Според резултатот за првиот пар, произлегува дека повисоката цена при купувањето на моделот со дизел мотор ќе се исплати преку пониските трошоци дури по 120.000 километри. Тоа е релативен податок, затоа што не се земаат превид трошоците за редовно сервисирање, регистрација и слично.

Други парови за споредба во класата:

 

  • Mazda CX-3 Skyactiv-G121 Challenge, 21480 евра
    Mazda CX-3 Skyactiv-D115 Challenge, 23480 евра
    Разлика во цена 2000 евра
    Дизелот се исплатува по околу 60.000 километри

 

  • Seat Ibiza 1.0 Evo S&S 80 Reference, 13562 евра
    Seat Ibiza 1.6 TDI S&S 80 Reference, 16460 евра
    Разлика во цена 2898 евра
    Дизелот се исплатува по околу 155.000 километри

 

  • Ford Fiesta 1.1i 85 КС Trend, 13700 евра
    Ford Fiesta 1.5 TDCi 85 КС Trend, 15400 евра
    Разлика во цена 1700 евра
    Дизелот се исплатува по околу 70.000 километри

 

  • Kia Stonic 1.4 MPi 100 КС Experience, 13.600 евра
    Kia Stonic 1.6 CRDi 110 КС Experience, 15.990 евра
    Разлика во цена 2390 евра
    Дизелот се исплатува по околу 90.000 километри

Компакт класа · Ford Focus 1.0 EcoBoost 100 КС против Focus 1.5 EcoBlue 95 КС

Ford Focus го започна новиот круг моделски генерации во компакт класата, внесувајќи технологија и стандарди со коишто ќе пристигаат и останатите нови модели во класата. Компактот од Келн во чекор го следат уште два нови модели од конкуренцијата, Kia Ceed, веќе достапна на македонскиот пазар, како и Mazda3, чијашто премиера се очекува во следните месеци. Наскоро ќе им се придружи и Golf VIII.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На двете досегашни тестирања во Аутомедиа, Focus возеше со бензински мотори, прво со 1,5-литарецот со 182 КС, а неодамна и со еднолитарскиот EcoBoost со 125 КС. Во двата случаи, трицилиндарските турбо-бензинци со директно впрскување и со неколкукратни титули на светски мотор на годината, покажаа примерни вредности на потрошувачката на гориво. Тоа само ја потврдува смислата на нашето прашање, има ли вооошто потреба од дизел кај одреден модел? Пресметката:

Ford Focus 1.0 EcoBoost 100 КС 18400 евра
Ford Focus 1.5 EcoBlue 95 КС 20500 евра

Разлика 2100 евра

⇒ Дизелот се исплатува по околу 100.000 километри

Други парови за споредба во класата:

  • Kia Ceed 1.4 T-GDi 140 КС Vision, 16990 евра
    Kia Ceed 1.6 CRDi 136 КС Vision, 19990 евра
    Разлика во цена 3000 евра
    Дизелот се исплатува по околу 115.000 километри

 

  • Mercedes A 160, 109 КС, 25490 евра
    Mercedes A 180 d 7G-DCT, 116 КС, 32990 евра
    Разлика во цена 7500 евра (менувачот со двојна спојка 7G-DCT моментно е стандард кај A 180 d, поради тоа е поголема разликата во цената)
    Дизелот се исплатува по околу 235.000 километри

 

  • VW Golf 1.0 TSI OPF 115 Trendline, 19996 евра
    VW Golf 1.6 TDI 115 Trendline, 22220 евра
    Разлика во цена 2224 евра
    (за VW Golf беа достапни вредностите на потрошувачката според новата норма WLTP, поради што ги користевме за неговиот пример; новата норма дава пореални вредности за потрошувачката)
    Дизелот се исплатува по околу 230.000 километри

 

  • Volvo XC40 T3 Intro, цена 32.190 евра
    Volvo XC40 D3 Intro, цена 35.490 евра
    Разлика во цена 3300 евра
    Дизелот се исплатува по околу 145.000 километри

Средна класа · Skoda Superb 1.5 TSI против Superb 2.0 TDI

Логиката дека за бензински мотор нема место во автомобил од средната класа, може да се однесува на 1990-те години, кога дизелите со директно впрскување навистина постигнаа квантен скок во споредба со бензинците и соодветно постигнаа апсолутна доминација. Но, оттогаш поминаа барем три децении и уште исто толку технички револуции.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со тежина од преку 1,5 тон, петметарскиот Superb спринтува од место до темпо сто за 8,7 секунди. Крајната брзина изнесува 217 километри на час. Всушност, колку е релаксиран 1,5-литарскиот TSI во оваа средина, повеќе покажува вредноста за вртежниот момент: Со 250 њутнметри на коленастото вратило, објаснето преку обичен пример, овој мотор без проблем се справува со товар од 25,5 килограми, поставен на крајот на лост долг еден метар. Тоа би требало да ги разубеди сите познавачи, кои имаат намера да го уништат целиот технички напредок во браншата, со славното „тој мотор е преслаб за таа каросерија“.

Поради тоа, со ист мотор под хаубата, мала е разликата во потрошувачката меѓу крстосувач од средната класа и семеен компакт. За возач кој е свесен како неговиот стил влијае врз жедта на моторот, реалните вредности на потрошувачката на бензин во класата на Superb може да се одржуваат на вредности од околу осум литри. Но, како излегува математиката тука?

Skoda Superb 1.5 TSI 150 КС Active, цена 22.600 евра
Skoda Superb 2.0 TDI 150 КС Active, цена 24.270 евра

Разлика во цена 1670 евра

⇒ Дизелот се исплатува по околу 100.000 километри

Други парови за споредба во класата:

 

  • Ford Mondeo 1.5 EboBoost 165 КС Trend, 23700 евра
    Ford Mondeo 2.0 TDCi 150 КС Trend, 26200 евра
    Разлика во цена 2500 евра
    Дизелот се исплатува по околу 90.000 километри
  • Mercedes C 160, 129 КС, 33990 евра
    Mercedes C 180 d, 122 КС, 36990 евра
    Разлика во цена 3000 евра
    Дизелот се исплатува по околу 110.000 километри
  • Opel Insignia 1.5 Turbo S&S 140 КС Edition, 25466 евра
    Opel Insignia 1.6 Diesel S&S 136 КС Edition, 27841 евра
    Разлика во цена 2375 евра
    Дизелот се исплатува по околу 150.000 километри
  • Peugeot 5008 1.2 PureTech Active 130 КС, 26890 евра
    Peugeot 5008 1.6 BlueHDi Active 120 КС, 29390 евра
    Разлика во цена 2500 евра
    Дизелот се исплатува по околу 160.000 километри
Забелешка на редакцијата:

Сите вредности се пресметани со користење на ценовниците кои се објавени на локалните интернет-страници за автомобилските марки, со цени на горива со важност за 11-ти февруари 2019, како и со користење на фабричките податоци за потрошувачката на гориво во градски услови на возење. Пресметаните вредности се приближни и може да се користат само информативно.

Топ 5 Најдобар избор на СУВ-модели во компакт класата

Шведска завршува со продажба на бензинци и дизели во 2030 година

Hyundai во Германија со 5.000 евра попуст при замена на стар дизел

Mazda3 стартува со продажба во Германија: Со револуционерен „дизел-бензинец“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
71 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format