за

Третина од емисијата на СО2 доаѓа од само дваесет (нафтени) корпорации

емисијата на СО2 загадување
емисијата на СО2 загадување

Американскиот институт Climate Accountability го објави истражувањето од тимот на Ричард Хиде, во коешто се прикажани емисиите на јаглероден диоксид на ниво на корпорации, во светски рамки, сметано од почетокот на индустриската револуција. Студијата заклучува дека само 90 корпорации произвеле две третини од вкупната емисија на јаглероден диоксид во текот на целиот тој период, а притоа само на 20 корпорации отпаѓаат околу 30% од емисијата.

Преземено од Clean Tecnica. Автор Стив Хенли.

Познатиот климатолог Мајкл Ман, во изјава за Гардијан посочува дека овие сознанија фрлаат јасна осуда врз улогата на нафтените компании и извесни политичари, пред следната конференција за климата, којашто се одржува во декември, во Чиле. Според светскиот експерт, мора да се преземат итни мерки за посочените компании да ги смалат своите активности.

„Големата трагедија во климатската криза е во тоа што седум и пол милијарди население мора да ја плаќа цената – во форма на уништена планета – за неколку дузини загадувачи да можат да продолжат со рекордните заработки. Голем морален пропуст на нашиот политички систем е тоа што дозволивме ова да се случи.“

Вкупното учество на големите корпорации во светската емисија на СО2 е прикажано од 1965 година, кога индустријата и политиката е сосем свесна за последиците од согорувањето на фосилни горива врз климата

Најмногу загрижува рапидниот пораст во потрошувачката на фосилни готива во последната третина од 20-от век, во период кога сите компании во нафтената индустрија беа свесни за опасностите од емисијата на јаглероден диоксид и глобалното затоплување. Вкупната емисија оттогаш е зголемена за повеќе од двојно.

https://public.flourish.studio/visualisation/750512/?utm_source=showcase&utm_campaign=visualisation/750512

Ричард Хиде коментира за Гардијан, „овие компании и нивните производи имаат клучна одговорност за климатската катастрофа, откако колективно го одложуваа преземањето национални и глобални активности со децении наназад, и истите повеќе не можат да се кријат зад завесата од чад, дека потрошувачите се одговорни за загадувањето. Менаџментот во индустријата со нафта, гас и јаглен го сопираат прогресот и преземаат бедни мерки, во услови кога нивниот неизмерен капитал, техничка експертиза и морална обврска мора да го овозможи, преоѓањето во иднина со ниска емисија на јаглероден диоксид, место да го попречува истото.“

Изборот на 1965 година како појдовен датум за истражувањето е направен поради тоа што влијанието на фосилните горива во тоа време им е добро познато на индустриските лидери и на политичарите, особено во САД.

Студија на мапата на влијанија, објавена пред неколку месеци, покажа дека 5 најголеми енергетски компании во сопственост на инвеститори заеднмо потрошиле повеќе од една милијарда долари во лобирање со цел да се одложат, контролираат или попречат политичките мерки за справување со климатските промени. Тоа е сумата што е потрошена само од конференцијата за светската клима во декември 2015 година, во Париз.

Видеото снимено од Гардијан прикажува дополнителни детали околу истражувањето и климатските промени

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Huracan Evo

Volkswagen се откажува од Lamborghini?

Von Sir James - Eigenes Werk, CC-BY 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=65761703

Тркач од поранешна ДДР личи на Miura и користи народска техника