Ирска најави дека ќе ја забрани продажбата на нови автомобили со дизел или бензински мотор во 2030 година. Тоа го предвидува новиот закон за климатска заштита во земјата. Следниот чекор ќе биде забрана за регистрација на возила со обичен погон.
Ирската влада ќе ја забрани продажбата на нови возила со дизел и бензински мотор по 2030 година. Оваа мерка е дел од новиот план за климатска заштита, којшто се состои од 180 одделни мерки. При стапувањето во сила на забраната, во земјата се очекува да бидат регистрирани околу 950.000 електрични возила.
Следен чекор ќе биде забрана за регистрација на постоечките возила со мотор со внатрешно согорување. Министерот за животна средина Ричард Брутон изјави за британскиот BBC дека Ирска „моментно зависи 85% од увозот на фосилни горива.“ Властите ќе вложуваат во изградба на мрежа од станици за полнење на електрични автомобили на целата територија на земјата. Новите деловни објекти со повеќе од 10 места за паркирање ќе мора да располагаат со најмалку една станица за полнење батерии.
Повеќе држави најавуваат забрана за возила со мотор со внатрешно согоруивање. Норвешка планира уште во 2025 година да забрани регистрирање на нови возила што користат фосилни горива. Данска, Шведска и Исланд ќе го сторат тоа до 2030 година. Велика Британија и Франција го поставија клучниот датум за 2040 година.
Забраната за стари дизели во Штутгарт покажува ефекти
Колку се заштедува со избор на бензинец место дизел?
Унгарија и Чешка со тужби поради загадениот воздух од увозот на стари дизели
Шведска завршува со продажба на бензинци и дизели во 2030 година