184
24 shares, 184 points

Производителите на автомобили очигледно се подготвуваат за конечниот пробив на електричниот погон, иако тоа се случува повеќе под притисок на политиката и во интерес на заштитата на животната средина. Инвестициите во електрични автомобили растат рапидно, производителите и натаму заработуваат повеќе од продажбата на возила со обичен погон.

Водечките производители се подготвуваат за пробивот на електричните автомобили. Потврда за тоа се високите инвестиции во развој на нови модели, фабрики, производство на батерии, како и пренамена на постоечките производствени капацитети. Водечките 16 автомобилски концерни во светот во минатите две години инвестирале 5,2 милијарди евра во 25 конкретни проекти што се поврзуваат со електричниот погон. Само лани е инвестирано во 22 проекти, во вкупна висина од 4,2 милијарди евра.

Инвестицискиот бум практично е резултат од приклучувањето на германското трио Volkswagen, BMW и Daimler. За две години, тие вложиле 4,7 милијарди евра, во 15 конкретни инвестициски проекти. Под конкретни се мисли на проекти што се однесуваат на одредена локација. Светските производители во периодот од 2016 година инвестирале најмногу во електричниот погон во Германија (3,2 милијарди евра), во Кина (990 милиони евра) и во САД (890 милиони евра).

Погледнете ги и овие објави на Automedia за електричниот погон:

Зошто скапите автомобили со моќни мотори се добри за електромобилноста

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

Боливиски литиум во батерии за електрични автомобили

Вклучувајќи ги останатите инвестиции, како проширувања на фабрики, нови лакирници или нови развојни центри, 16-те светски концерни лани вложиле 27,4 милијарди евра. или дури 68 проценти повеќе отколку една година порано. Тогаш, САД биле главно светско одредиште за инвестициите во браншата, но во меѓувреме Германија го презеде водството со 12,3 милијарди евра, наспроти 8,3 милијарди евра во браншата од другата страна на океанот. Следат Кина со две милијарди евра и Шпанија со 800 милиони евра.

Преоѓањето во ерата на електрични автомобили ги става концерните на огромни трошоци

Сите овие масивни инвестиции имаат за цел производителите подготвени да го пречекаат големиот пораст во продажбата на електричните автомобили. Ситуацијата воопшто не е наивна за влијателните концерни. Од една страна, тие заработуваат најмногу со продажбата на автомобили со обичен погон, а од друга страна, законите бараат од нив да вложуваат повеќе во електричниот погон.

Но, индустријата повеќе нема избор, ниту влијание. Од следната година, Кина воведува квота за електрични автомобили. Тоа ги обврзува производителите, 10 проценти од својата продажба на најголемиот пазар во светот да ги покријат со автомобили со погон на струја. За уделот да се постигне, потребни се и повеќе модели со погон на струја.

Инвестицискиот обем од преку 5 милијарди евра ги опфаќа само 16-те најголеми автомобилски коцнерни: BMW, Daimler, Fiat Chrysler, Ford, General Motors, Honda, Hyundai, Kia, Mazda, Mitsubishi, Nissan, PSA, Renault, Suzuki, Toyota и Volkswagen. Инвестициите од кинеските производители не се вклучени во оваа бројка. Сé уште.

Инвестиции на германските концерни во електрични автомобили во последните две години

Daimler
  • 500 милиони евра за фабриката во Хамбург да се пренамени во погон за погонски компоненти за електрични возила
  • 500 милиони евра за фабрика за литиум-јон батерии во Каменц
BMW
  • 200 милиони евра во центар за батериски ќелии во Минхен
Volkswagen
  • 1 милијарда евра за фабриката во Цвикау да се специјализира за електричниот погон

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

184
24 shares, 184 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743