за

Инструктор фатен пијан на часови за возење во Германија

инструктор по возење пијан германија

Инструктор по возење бил отстранет од сообраќај поради тешко алкохолизирана состојба. Возачкиот почетник уште пред да почне возењето се посомневал во состојбата на учителот

Во понеделникот попладне, на улица во централното подрачје на германскиот град Волфсбург, инструктор по возење на 60-годишна возраст бил отстранет од сообраќај, поради двата промила алкохол во крвта. Неговиот ученик уште пред да седне зад воланот забележал дека инструкторот имал проблеми со здравјето и повикал итна медицинска помош, сомневајќи се дека станува збор за случај за интернистички преглед.

инструктор по возење пијан германијаУчителот по возење прво не дозволувал да биде третиран, поради што пристигнатите медицински лица побарале помош од полицијата. Дури во полициската станица службениците успеале по повеќе обиди да извршат тест на алкохол. Откако се покажало прекумерно присуство на алкохол во организмот, била земена крвна проба и измерени 2,04 промили алкохол. Потоа, на шеесетгодишникот му била одземена возачката дозвола и забрането управување со возило.

„Среќа“ е што по нашите улици не се стекнува впечаток дека возачите имале инструктор во сомнителна здравствена состојба.

Луѓето што се чувствителни по непроспиена ноќ се чувствителни и на алкохол

Вака изгледа пијано возење со трезни очи

За пијани на велосипед: 4000 евра во Британија, затвор во Полска

Жеден возач греши исто колку пијан возач

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Panamera GTS

Porsche Panamera GTS како меѓустепен со 460 КС

Skoda Kodiaq GT

Skoda Kodiaq GT во чест на најголемиот пазар во светот