185
36 shares, 185 points

Во полската престолнина Варшава од следниот месец ќе се изнајмуваат електрични возила од јавно достапен возен парк. Петстотини примероци од BMW i3 ќе може да се изнајмат директно на улица. Во градот се поставуваат и нови станици со полначи.

Голем возен парк што е достапен за локално користење, популарниот „car-sharing, од следниот месец започнува да функционира во главниот полски град Варшава. Локалната подружница на компанијата Innogy стартува со најголемиот јавно достапен возен парк во земјата. Жителите на Варшава ќе имаат на располагање вкупно 500 примероци од BMW i3, со погон на струја.

Компанијата Innogy моментно оперира со триесетина станици за полнење во полската престолнина. Од почетокот на април, во градот ќе почнат да работат уште 30 нови станици, наменети меѓу другото и за петстоте електрични возила што пристигаат во градот.

Моментно во Варшава постојат 1.500 возила за јавно користење, се очекува удвојување во следните две години

Услугата можат да ја користат и приватни лица, но и службеници или туристи. Моментно во градот постојат дури 1.500 возила, кои може да се лоцираат со мобилна апликација, да се отклучат и да се користат во времетраење од неколку минути до неколку часови или цел ден. Innogy очекува дека возниот парк во следните две години ќе се удвои, првенствено со електрични возила. Паралелно ќе се поставуваат и повеќе стотици јавно достапни станици за полнење.

Car2go достигна 3,3 милиони корисници низ светот

Еден милион корисници на car2go во Северна Америка

На секоја 1,4 секунда низ светот се изнајмува по еден Car2Go

car2go во Виена со 1.400 автомобили за изнајмување од улица


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

185
36 shares, 185 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format