за

Infinity Q60 одликуван со престижната iF Design Award

Новото спортско купе на Infinity им се виде како победник на 58-те светски експерти во рамките на годинешниот iF Design Award. Ова е вторпат престижната марка на Nissan да освои награда на оваа манифестација, по концептната лимузина Q80 Inspiration лани.

Во генетскиот код на марката Infiniti е впишано да отстапува од вообичаените дизајнерски струи. Во време кога повеќето марки запаѓаат во монотонија и унифицираност, Infiniti веќе вторпат по ред освојува награда од светските експерти за дизајн коишто го сочинуваат жирито на iF Design Award.

Овојпат победата ја понесе новото спортско купе Q60, за коешто престижната марка на Nissan смета дека комбинира „експресивен дизајн со возбудливи перформанси и динамика“. Победниците на iF Design Award се решаваат врз основа на нивната иновативност, функционалност и ергономија, како и естетиката и одржливоста на производствениот процес.

Впечатливиот дизајн добива смисла со новиот трилитарски V6 со битурбо натполнење. На тоа се надоврзуваат адаптивно управување и електронски контролирано подвозје.

Манифестацијата се одржува секоја година од iF International Forum Design GmbH во Хановер, којашто се вбројува меѓу најстарите организации за дизајн во Германија. Годинава жирито оценуваше над 5.000 пријавени производи од 59 држави.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бензинците со директно впрскување не се чисти колку што мислиме

Словачките фабрики за автомобили во недостиг од работна сила