за

Индија го намали данокот за електрични автомобили на 5%

mahindra electric
mahindra electric

Индиската влада му се приклучува на светот во преоѓањето во ерата на електромобилноста. Од 1-ви август е намален данокот за добра и услуги што се наплаќа за електрични автомобили, полначи за нив, како и за електрични автобуси.

Министерството за финансии на Индија го смали данокот за добра и услуги што се наплаќа за електрични автомобили од 12 на 5 проценти. Соодветно е смалена и даночната стапка за полначи за струја, од 18 проценти на пет проценти. Покрај тоа, финансирањето на електрични автобуси наменети за локалните организации целосно се ослободува од данок.

На овој начин, електричните автомобили стануваат подостапни за поширок круг купувачи, откако властите долго време го запоставуваа сегментот во тој поглед. Индија неодамна воведе и неколку програми за субвенционирање на користењето електрични автобуси во јавниот превоз. Даночни олеснувања следат и за такси-компаниите и општо за возила за комерцијална примена. Владините агенции во Делхи веќе користат околу 500 електрични автомобили што се набавени преку тендер.

Во поволностите е вклучено и ослободување од данок за одреден износ од кредитот

При финансирање на приватно електрично возило, исто така следат неколку повластици, кои водат до намалување на месечната рата за отплата, а со тоа и на вкупната цена на возилото. Измените стапија во сила на 1-ви август. Моментно е мала понудата од електрични возила за индиските возачи, односно таа се сведува на Mahindra Electric e2o и Hyundai Kona Electric. Моделите Mahindra eVerito и Tata eTigor моментно се достапни само за комерцијална примена.

Законските измени повлекоа соодветни чекори и кај производителите во големата азиска земја. Tata Motors ги намали цените на своите електрични модели за 80.000 рупии, односно околу илјада евра.

Индиската рикша уште одамна вози на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

renault megane rs trophy-r

Renault Megane Trophy-R: За рекордерот цена од 60.000 евра

bugatti_eb110_campogalliano_istorija

Враќањето на Bugatti пред враќањето на Bugatti: EB 110