за

Њу Делхи се задушува во смог, автомобилите возат чифт-тек

Њу Делхи се задушува во смог, автомобилите возат чифт-тек
Њу Делхи се задушува во смог, автомобилите возат чифт-тек

Властите во Њу Делхи издадоа забрана за сообраќај, поради високата загаденост на воздухот. Приватните автомобили смее да се користат само преку еден ден, односно според принципот пар-непар. Еден ден возат автомобили чијашто регистерска ознака завршува со парен број, следниот ден возат автомобилите со регистрација со непарен број. Училиштата се затворени, на градилиштата не се работи.

Измерените вредности на неразградливи честички PM2,5, во Њу Делхи во изминативе денови достигнуваа и до 900 микрограми по метар кубен. За споредба, тоа се истите вредности што секоја сезона се достигнуваат и во неколку најзагадени македонски градови. Во ЕУ, забрана за сообраќај се издава при пречекорување на загаденоста на воздухот уште при 50 микрограми неразградливи честички.

Во градот што брои повеќе од 20 милиони население, секоја зима се создава еден вид звоно од смог, коешто е предизвикано од издувните гасови од возилата и од индустријата, како и од земјоделците, кои на периферијата на главниот индиски град ги палат ожнеаните полиња.

Индија најавува забрана за возила со дизел мотор · Секое четврто продадено Maruti е дизел

„Чад има насекаде, а луѓето – млади, деца и постари лица – не можат да дишат“, реагира Арвинд Кеџривал, премиер на регионот на Делхи. Загаденоста на воздухот е толку висока, што голем број лица се жалат на воспаление на очите.

Владата на Кеџривал поради тоа изрече забрана за сообраќај, коајшто се однесува на половината од автомобилите во милионскиот град. Забраната треба да важи најмалку две недели. Во училиштата не се одржува настава уште од петокот, а на учениците им се поделени пет милиони заштитни маски.

Најголемиот производител на автомобили во земјата исто така реагираше. Maruti-Suzuki, со удел од 51 проценти на индискиот пазар, во иднина ќе престане со производство на возила со дизел мотор. Моментно, секое четврто продадено Maruti во земјата е дизел.

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mike Brewer classic car legends

Мајк Бруер со нова книга: Водич за олдтајмери од „Wheeler Dealer“

Ford бележи рекордна продажба во Германија