141
19 shares, 141 points

Иан Калум, прочуениот главен дизајнер во Jaguar Land Rover, по напуштањето на британскиот производител на автомобили отвори сопствена фирма. Првиот проект ќе биде прикажан пред јавноста за само неколку недели. Секако дека станува збор за автомобил.

Иан Калум отсега дизајнира за себе. Ценетиот стилист во почетокот на јули ја напушти позицијата на главен дизајнер во Jaguar Land Rover, по 20 години ангажман во компанијата. Тој отсега ќе ѝ ги нуди своите дизајнерски услуги на целата автомобилска бранша, но и надвор од неа.

Фирмата го носи името Калум Дизајнс и вработува 18 лица. Дизајнерот на свои 64 години изјави дека сака и може да работи уште 15 години. Негова главна заслуга е ретро-дизајнот што го носат актуелните модели на Jaguar.

Од цртачката маса на Калум имаат излезено најразлични модели, почнувајќи од спортското купе F-Type, преку лимузините XE, XF и XJ, до СУВ-моделите F-Pace, E-Pace и I-Pace. Британецот посебно го издвојува XF, со кого што беше направена отстапка од стариот дизајн и се одбележа почетокот на новата дизајнерска ера во Jaguar. Калум претходно има креирано за Ford и Aston Martin.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
19 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *