за

Hyundai прикажува кокпит од следната генерација

Hyundai виртуелен кокпит

Возачите денес добиваат мноштво информации во возилото, дисплеи се појавуваат насекаде. Производителите работат на поедноставување на добивањето на информациите и на самото ракување во кокпитот. Hyundai прикажува неколку нови идеи и ги обединува во своевиден виртуелен кокпит.

Најочигледното во кокпитот на Hyundai се двата дисплеи на допир во воланот, кои посредуваат и повратна информација, односно вибрација при ракувањето. Таков дисплеј се наоѓа и во средишната конзола. Бројот на прекинувачи, копчиња, команди се смалува драстично. Последново е тренд што веќе зема замав во браншата.

Уште поеќе одушевува идејата со инструмент таблата, која место класично во една димензија, ги прикажува информациите со просторен ефект, односно со 3D-ефект. Два дисплеи се поставени едно врз друго на растојание од 6 милиметри. Тоа го овозможува тридимензионалниот ефект.

Со преклопувањето на приказите во двата дисплеи се постигнува просторен ефект

Предноста е во тоа што во видното поле на возачот се прикажуваат прво информациите кои се најважни во моментот, без да се одвлекува неговото внимание од сообраќајот. Тоа значи дека на предниот дисплеј се прикажува на пример брзинското ограничување, додека во заднина е информацијата за преостанатото гориво во резервоарот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Дисплеите на самиот волан се менуваат според ситуацијата, но и од избраниот приказ на инструмент таблата. Возачот може да постави до пет „копчиња“ по дисплеј, слично како кај паметен телефон.

Виртуелниот кокпит моментно се тестира во сериски примерок од i30. Научници од германскиот институт за сообраќајни науки во Вирцбург спроведуваат истражување со коешто треба да се покажат предностите за возачот, кои произлегуваат од тоа што кокпитот не го одвлекува неговото внимание од патот.

Почетните истражувања потврдуваат дека кокпитот помага да се задржи вниманието на возачот кон патот

Со вградувањето на кокпитот во постоечкиот модел од компакт класата, Hyundai докажува дека технологијата дозволува едноставна примена и вградување во автомобил што е наменет за широкиот пазар. Истражувањето продолжува, извесно е дека виртуелниот кокпит ќе се најде уште во следниот студиски автомобил на корејската марка, а набрзо потоа и во сериски автомобил.

Mercedes веќе вградува слична технологија во повеќе моделски серии, по премиерата во E-Class.

Hyundai Ioniq им носи струја на електромобилите со празна батерија

Hyundai Tucson отсега и во спортска изведба N Line

Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Citroen Индија

Citroen ќе ја испробува среќата во Индија

davanti tyres мотоцентар автомобилски гуми

Davanti е нова марка гуми кај нас, школата е старата