за

Hyundai е новата марка во портфолиото на Ми-Да Гранд Моторс

Hyundai е новата марка во портфолиото на Ми-Да Гранд Моторс
Hyundai е новата марка во портфолиото на Ми-Да Гранд Моторс

Увозникот за Ford воведува втора марка во својата понуда. Hyundai се враќа во полна форма на македонскиот пазар преку Ми-Да Гранд Моторс. Салонот се наоѓа во новиот комплекс на ул. Босна и Херцеговина бр. 1, од компанијата најавуваат изненадувања и промоции.

Автомобилската сцена испорача две важни вести од почетокот на годината. Едната е стапувањето во сила на новиот данок на возило, којашто може да добие и позитивен и негативен контекст, додека втората може да биде единствено позитивна и се однесува на марката којашто години наназад пропушташе да ја достигне моќта што ѝ припаѓа на сцената. Станува збор за Hyundai, корејска марка што во својата македонска историја ги има проживеано сите фази на развој (неретко и назадување) на пазарот, а со самото тоа и марка чијашто трансформација им е сосем позната на македонските возачки и возачи.

Меѓутоа е факт дека масивниот напредок што го постигна марката Hyundai, со години наназад заглавуваше некаде на патот до нашиот пазар, за разлика од посестринската марка Kia, којашто се профилираше сосем на европско ниво. Сето тоа ќе биде едно завршено поглавје, затоа што „надлежноста“ за Hyundai ја презема Ми-Да Гранд Моторс, компанија чиешто име непогрешливо се поврзува со марката Ford. Салонот на Hyundai се наоѓа во новиот автомобилски комплекс што компанијата го отвори летоска на улица Босна и Херцеговина бр. 1 во Скопје.

Сопствениците на возила Hyundai со важечка гаранција мора да внимаваат сервисирањето да го извршат во овластениот сервис на Ми-Да, во спротивно го губат правото на гаранција

Ми-Да Гранд Моторс е официјален импортер и сервисер на марката Hyundai од почетокот на годинава. Оттаму најавуваат промоции и изненадување, воедно известувајќи ги сопствениците на возила на Hyundai со важечка гаранција, дека сервисирањето мора да продолжи во официјалниот сервис на новиот импортер Ми-Да Гранд Моторс, во спротивно се губи правото на остварување гаранција.

Во салонот веќе се изложени првите модели што новиот импортер ќе ги пушти по македонските (и светските) патишта. Тоа што може да се очекува во блиска иднина е новата генерација на Hyundai i10, а извесно е дека ќе пристигнат и моделските изведби со хибриден и плагин-хибриден погон во гамата на Ioniq. Електричниот погон исто така не е непознат во оваа марка и се нуди во дури два модели, во Kona и Ioniq. За водородниот Nexo, веројатно ќе почекаме уште неколку години.

Светлата се вклучени! #Hyundai#Tucson#LightsON

Posted by Hyundai Makedonija on Monday, January 13, 2020

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet Corvette е автомобил на 2020 година во Северна Америка

Chevrolet Corvette е автомобил на 2020 година во Северна Америка

Ford возила карневал Келн

Карневал се одржува и во Келн, а таму е домот на Ford