за

Вработените во Hyundai во страв од електричните автомобили

hyundai pretsedatel sindikat

Според првиот човек во синдикатот на Hyundai, меѓу работниците во корејската компанија владее кризна атмосфера поради намалената продажба на главните пазари во светот. Тој стравува и дека електричните автомобили водат кон голем број отпуштања во компанијата.

Претседателот на работничкиот синдикат во Hyundai, Ха Бу-јунг, во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека работниците во компанијата стравуваат од запаѓање во слична криза како конкурентот General Motors во Јужна Кореја. Продажбата на клучните пазари опаѓа, а главниот синдикалец гледа опасност и во електричните автомобили, коишто се „зло и ќе ги уништат работните места.“

Според Бу-јунг, три од петте фабрики на Hyundai во Улсан, најголемиот комплекс за производство на автомобили во светот, од дел од персоналот е побарано да земе подолг годишен одмор, поради намалената продажба на лимузините на Hyundai и на постарите модели, како што е Santa Fe.

Лани имаше и дипломатски спор меѓу јужнокорејскиот производител и владата во Пекинг, по што следеше голем пад во продажбата на најголемиот пазар на автомобили во светот. Како резултат од тоа, Hyundai постигна само незначителен раст во глобалната продажба лани, наспроти останатите големи концерни.

Првиот синдикалец во Hyundai: „Електричните автомобили се катастрофа. Тие се зло. Тоа ни предизвикува големо неспокојство“

На подолг рок, Бу-јунг гледа опасност и во електричните автомобили. Како што тие ќе го зголемуваат нивниот удел во вкупната продажба, така ќе се намалува и бројот на вработувања во браншата, затоа што електричните автомобили немаат потреба од мотори и менувачи. Синдикатот на Hyundai предвидува намалување на вработувањата во компанијата за 70%, откако електричните автомобили ќе ја преземат продажбата.

Работничкиот синдикат е најбријниот синдикат во земјата. По масовните штајкови лани, вработените добија петпроцентно зголемување на платата.

Златен волан за Audi, BMW, Hyundai и Opel

Франкфурт 2015: Hyundai со студија на луксузно купе Vision G

Рекорд на водородниот Hyundai: 2.383 километри за 24 часа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eCall zadolzitelno vo novite modeli

Новите модели задолжително со систем eCall од април

минибуси без возачи берлин

Минибуси без возачи во бесплатен превоз во Берлин