за , ,

Hyundai PassoCorto е италијанскиот одговор на Kia GT4 Stinger

Kia не е единствената корејска марка што сонува за портокалови спортски двоседи. Сестринската марка Hyundai ги открива своите визии со студијата PassoCorto.

Основната разлика меѓу Kia GT4 Stinger и Hyundai PassoCorto е во тоа што спортската Kia е креирана од сопствените дизајнери, додека Hyundai побара асистенција кај Италијанците. Студентите на Европскиот институт за дизајн во Торино често соработуваат со производителите на автомобили и исто толку често создаваат атрактивни автомобилски креации. Соработката со Hyundai не е исклучок. Двоседот PassoCorto изгледа привлечно и нуди впечатливо агресивна нота, со огромните отвори за воздух отстрана и со заоблените крила како кај Ferrari & Co.

PassoCorto е само дизајнерска студија и не е во возна состојба. За секој случај, Италијанците подразмислија и околу моторот. Битурбо мотор од 1,6 литар го снабдува количето тешко 840 килограми со моќност од 270 КС. Шефот на европскиот центар за дизајн на Hyundai, Томас Биркле, исто така се изјасни крајно позитивно за италијанскиот дизајн: „PassoCorto е остварување на соништата.“ Портокаловиот двосед на Hyundai ќе биде прикажан премиерно на салонот во Женева во следниот месец.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

САД го открија дизелот: 8.000 нарачки на Rodge Ram за еден викенд

Aston Martin во Женева: Боја и коњски сили во замена за нов модел