за

Hyundai развива паметен филтер за кабина

филтер, воздух, кабина, Hyundai, пречистување на воздухот

Преку поразличен пристап во конструирањето на системот за пречистување на воздухот во кабината, Hyundai ветува попријатна и поздрава средина во возилата.

Hyundai разви паметен филтер за кабина, кој го следи квалитетот на воздухот во возилото и автоматски го пречистува истиот. Иновативната технологија го филтрира воздухот пред патниците да влезат во возилото, исто како и во текот на возењето. Во корејската групација се размислува околу воведувањето на ваков систем во моделите на Hyundai и Kia, особено по масовното будење на свеста за штетното влијание од ситните честички (PM), посебно во густо населените градски подрачја.

Обичните системи за пречистување на воздухот работат само одредено време и потоа се исклучуваат

Обичните системи работат само одредено време по вклучувањето и потоа се гаснат, без оглед на квалитетот на воздухот во кабината. Новиот систем на Hyundai постојано го следи квалитетот на воздухот и го вклучува пречистувањето кога ќе се регистрира загаденост на воздухот. Дури и при исклучителна загаденост на надворешниот воздух, новиот паметен систем го пречистува воздухот во кабината додека не постигне најчист можен воздух. Патниците можат во секое време да го дознаат квалитетот на воздухот во кабината, преку главниот дисплеј во кокпитот.

Предноста на системот на Hyundai е во користењето ласерски сензори, како предуслов за издржливоста и точноста во работата на системот. Обичните сензори имаат проблеми кога на леќите ќе се наталожат ситни честички. Секако дека во системот влегуваат и напредни филтри за воздух, со степен на пречистување на ситните честички меѓу 94 и 99%. Дополнително постои и функција за отстранување на непријатните миризби преку активен јаглен, како и автоматско затворање на прозорците кога се вклучува пречистувањето на воздухот.

Филтерот за полен може да биде корисна работа во возилото

Најголемата загаденост со издувни гасови е во кабината на автомобилот

Клима уредот може да биде извор на бактерии во кабината

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi со најмалку проблеми кај германските возачи, Fiat и Mini последни

Трамп уште ја држи ЕУ во неизвесност околу авто-царините