за

Hyundai со погон на водород вози такси во Берлин

Hyundai со погон на водород вози такси во Берлин
Hyundai со погон на водород вози такси во Берлин

Возен парк од 25 автомобили Hyundai Nexo што користат водород како погонско гориво им стојат на располагање на жителите на Берлин, како такси за заедничко користење. Повеќе патници се пријавуваат преку апликација, користа за животната средина е двојна: Повеќе патници во возило, нулта емисија на штетни материи.

Возниот парк од автомобили со нулта емисија на штетни материи на CleverShuttle се прошири со 25 примероци од Hyundai Nexo, кросовер со погон на водород. Станува збор за компанија што преку мобилна апликација организира повеќе патници да користат едно возило до своите одредишта. CleverShuttle ги нуди своите услуги на подрачјето на германскиот град Берлин и воедно е прва компанија во земјата што официјално е регистрирана за таканаречен RidePooling.

Hyundai Nexo е втора генерација на модел со водороден погон на корејскиот производител. Според Hyundai, оваа услуга ја претставува насоката во којашто понатаму ќе се развива мобилноста, како во поглед на горивото, така и во поглед на организираното користење едно возило од повеќе патници што имаат приближно одредиште на своето патување. Производителот ќе добива вредни искуствени податоци од секојдневното користење на водородниот Nexo.

Со комфор и присторност како секој друг автомобил со слична големина, Nexo минува до 756 километри со полни резервоари со водород. Полнењето трае само пет минути, меѓутоа во светот засега постојат само неколку стотини станици што точат водород.

Аликацијата за заедничко користење такси постигнува околу 300.000 корисници на месечно ниво 

Nexo е наследник на Hyundai ix35 Fuel Cell, кој во 2013 година беше прв сериски автомобил со погон на водород. Кросоверот се појави во 2018 година, со унапредена техника, особено во смалувањето на тежината, подобрувањето на просторната искористеност и распоредот на компонентите на горивните ќелии, кои се основата на овој супериорен вид на погон.

Електромоторот постигнува моќност од 120 киловати, односно 163 КС. Потрошувачката на водород изнесува во просек 0,84 килограми на сто километри. Резервоарите за гориво имаат зафатнина од 6,33 килограми. При возењето, возилото испушта единствено мала количина водена пареа.

Планот на Hyundai е продукцијата на водородни возила да ја зголеми на 700.000 возила на годишно ниво до почетокот на следната декада. Годинава претстои продажен старт на камионот со погон на водород H2Xcient во Швајцарија. Технологијата ќе се воведува и во бродовите, железницата и во вилушкари. Hundai е единствен производител на возила што го нуди сите алтернативни видови погон во серија: Електро, благ хибрид, хибрид, плагин хибрид и водороден погон.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Scala и Kamiq во фабричка изведба со погон на метан

Skoda Scala и Kamiq во фабричка изведба со погон на метан

Suzuki Vitara terensko vozenje

Топ 25 Најпродавани модели во Европа